Новости

Живот

Американците Божиќните празници ги минуваат како во бајка

Од Вашингтон пишува Анета Шијакова.

Насмени лица, божиќни декорации, празнична еуфорија… Ваква е атмосферата деновиве во Америка, која ви ја пренесуваме преку најновата репортажа „Откријте го Вашингтон, патувајте со С/Н“.
Додека насекаде низ светот метрополите специјално се украсуваат за празниците, Вашингтон не само што наликува на модерна празнична бајка, туку неговите жители буквално се соживуваат со таа бајка.

Божиќ е најпосакуваниот празник за Американците, така што подготовките специјално започнуваат со денови пред 25-ти декември. Украсите и подароците се само дел од приказната. Голем дел од луѓето се облекуваат во Дедо Мраз, Баба Мразица или некој друг лик од новогодишните бајки и се приклучуваат на јавните божиќни настани кои имаат забавен или хуманитарен карактер. На тој начин се собираат средства, храна, играчки… за помалку имотните, со цел и тие да ја почуствуваат празничната радост и топлина.

Божиќни елки ги красат сите куќи и дворови, сите згради, продавници и установи. Честа декорација се и големите зелени божиќни венци со црвени панделки, кои се поставуваат на фасадите. Такви венци ја красат и централната станица Унион во Вашингтон, каде секојдневно има голема фреквенција на патници. Во внатрешноста пак, се до сводот, се издигнува импозантна елка.

Празничните пазари на отворено се многу популарни. Еден таков се наоѓа во центарот на Вашингтон. Американците кои традиционално купуваат подароци за семејството и најблиските, овде доаѓаат за да купат рачни изработки. Тоа за нив е начин да подарат нешто уникатно, нешто различно од она што може да се најде во продавниците на големите трговски ланци.

Традиционално семејствата се собираат на Божиќна трпеза, но деновите пред Божиќ и оваа година беа резервирани за големиот број тематски забави.

Интересот за овие забави е толку голем што без претходна резервација речиси и да не може да се најде слободно место во најпопуларните кафулиња.

Фотографирањето со Дедо Мраз овде е широко раширена традиција. За Американците ова е најдобриот начин да подготвите честитика со која ќе им го честитате празникот на пријателите.

Годинава Божиќ во САД се поклопи со делумното затворање на американската влада на 22 декември, што Трамп претходно го најави ако не бидат одобрени пет милијарди долари за изградба на ѕидот по должината на границата со Мексико. Со делумното затворање на владата, згасна и елката пред Белата куќа. Но, тоа што елката не беше осветлена, не беше причина голем број посетители да не уживаат во празничните декорации и да се сликаат со елката и Белата куќа.

И како што се стемнува, така се палат празничните светилки, а Вашингтон станува уште помагичен.

Секој кварт има своја посебна празнична декорација, а шарените излози на продавниците го дополнуваат амбиентот.

И додека ноќта царува, огромната елка пред Конгресот, под полна месечина, блеска во срцето на Вашингтон.

Фотографии: Анета Шијакова

Серијата репортажи ,,Откријте го Вашингтон, патувајте со С/Н” е поддржана од лидерот во областа на осигурувањето С/Н Осигурителен брокер.

Обезбедете го вашето патничко осигурување од С/Н Осигурителен брокер.

Остварете ги вашите соништа за патување со потрошувачките кредити на С/Н Финансии.

Со С/Н целиот свет е достапен!

GOLD
To Top