Новости

Економија

Грците ве повикуваат да одите, но…

Изминатите неколку години Грција се соочуваше со сериозни проблеми, економски, политички, општествени…Но привлекувањето туристи никогаш не беше еден од нив.

Бројот на луѓе кои се одлучуваат за одмор во Грција од 6,2 милиони во 1998 година порасна на 15 милиони во 2010 година, а оваа година се очекуваат рекордни 32 милиони туристи. Ниедна европска дестинација во изминатата деценија не искусила толкав пораст на туристи.

Туризмот е светла точка на не така успешната грчка економија. Туризмот имаше голема улога во борбата за спречување на банкротот, а четвртина од населението работи во овој сектор.

Сепак, оваа година за прв пат е поставено прашањето: дали земјата може да излезе на крај со толкав број странски посетители? За ова се расправаше на состанокот на Грчката туристичка конфедерација, каде присуствуваше и премиерот Алексис Ципрас. Тој не го криеше задоволството заради предвидениот раст на бројот на туристи од 12,8% во однос на претходната година.

Сепак…

Забрзаниот туристички раст воедно донесува и загушена инфраструктура, метеж во големите градови и на главните туристички дестинации и го оневозможува нормалниот живот на локалните жители. Изминатите години и месеци е забележан пораст на тензиите помеѓу локалните жители и туристите во Барселона, Венеција, Амстердам, Дубровник, Мадрид, Мајорка и Кјото, афразата прекумерен туризам може да се слушне по медиумите.

Дали Грција е следната популарна дестинација која ќе објави војна на прекумерниот туризам?

Некои грчки стручњаци веќе ја изразиле својата загриженост и скренаа внимание на фактот дека на долги патеки е неодржливо малите острови од само неколку стотина или дури десетина жители да примаат во период од само неколку месеци годишно -милион туристи.

Санторини, островот од бајките со големина од 76 километри квадратни се соочува со целосен колапс заради прекумерниот број туристи. Минатата година забележани се 5,5 милиони ноќевања, но и неподнослива сообраќајна гужва, проблеми со снабдувањето вода и струја. Градоначалникот на островот заради тоа го спушти бројот на дозволени туристи кои со крузерите го посетуваат Санторини, од 12.000 на 8.000.

 

Проблемот со прекумерен туризам полека се јавува на Крит, Крф, Родос и Миконос, но и во Атина, која претставува новооткриен бисер за кинеските туристи. Директната авионска линија од Пекинг и крузерот кој од минатата година ги превезува кинеските туристи по Егејското море придонесоа за популарноста на Грција во Кина, а се зборува и дека наскоро процедурата за добивање грчка виза за кинексите државјани ќе биде значајнно поедноставена.

travelmagazine.rs

Evrotip
Евротип
To Top