Новости

Патувањa

Дали би ја жртвувале сметката на Инстаграм за бесплатно да патувате една година?

Повеќето корисници на Инстаграм емотивно се поврзани со фотографиите кои ги објавуваат и се зависни од „лизгање“ на почетната страница.

Но, дали вие би ја жртвувале својата Инстаграм сметка за нешто уште поубаво?

Американската авио-компанија „JetBlue“, направила речиси ѓаволски предизвик во облик на натпревар. Што се бара? Отстранете ги сите фотографии од Инстаграм и објавете само една, чиј обрзец ќе се најде на официјалната страна на компанијата.

Треба да почекате некое време за да видите дали сте победиле. Ако одговорот е позитивен, тогаш ве очекуваат бесплатни летови за цела година, на било која дестинација на која лета компанијата.

„Не се грижете. Ако победите, ќе може да споделите колку фотографии сакате од наредните патувања“, навеле во соопштението.

Натпреварот трае до 8-ми март и веќе привлекол внимание поради интересно малиот одзив. Изгледа дека сепак повеќе ги сакаме социјалните мрежи отколку патувањата?

 

GOLD
To Top