Новости

Патувањa

Еве зошто морето влијае позитивно врз вашето расположение

Морската вода содржи важни елементи

Во текот на пливањето, елементите како натриум, магнезиум, калциум, калиум, заедно со честичките од алги, влијаат врз кожата, го подобруваат нејзиниот изглед, ја чистат и ги обновуваат клетките.

Морето помага при астма и алергија

Испарувањата од морската сол имаат антисептично и антихистаминичко дејство врз вашите дишни патишта.

Исто така и вашата кожа има бенефити. Не е случајно што купките со морска сол се едни од најпопуларните спа-третмани во светот.

Одморот покрај море е како антистрес терапија

Нема ништо порелаксирачко од уживање покрај море, со звук на брановите во позадина. Покрај море, забораваме на секојдневните проблеми и успеваме да се релаксираме.

А и многу доктори препорачуваат одмор за да се ослободите од стресот.

Со сончањето обезбедувате доволно витамин Д

Витаминот Д се синтетизира во вашето тело кога сте изложени на сонце. Овој витамин има важна улога во спречување на многу болести.

Морето е совршено за спортски активности

Со самото тоа што првенствено пливате, вие сте повеќе физички активни отколку во другите денови од годината. Тоа може да има само позитивно влијание врз вас.

jk.com.mk

GOLD
To Top