Новости

Патувањa

Закинтос – островот на забавите и прекрасните плажи

Островот Закинтос слободно може да се нарече центар на забавите во Грција. Секоја година, илјадници туристи доаѓаат на овој прекрасен остров во Јонското Море за да станат дел од интензивниот ноќен живот, а епицентарот на сите збиднувања на островот, без сомнеж е Лаганас.

Во Лаганас се наоѓа една од најубавите и најдобро организираните плажи во цела Грција, на само 11 километри јужно од главниот град Закинтос. Плажата се одликува со должина од преку 9 километри, прекрасен ситен песок и кристално чиста вода. Всушност, целиот остров е надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи.

 

Дел од баровите во Закинтос нудат алтернативни форми на забава, како прикажување на филмови на големи екрани, придружени со одлична понуда на алкохолни пијалаци и храна; караоке забави, натпревари во танцување итн. Можеби најдоброто нешто за ноќниот живот во Лаганас е фактот што ноќните клубови и баровите не наплатуваат влезници.

Закинтос е вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата започнува оној момент кога ќе пристигнете на островот, а завршува кога ќе си заминете од таму.

jk.com.mk

GOLD
To Top