Новости

Патувањa

Зголемен бројот на туристи поради мини-серијата за Чернобил

Успехот на американската телевизиска мини-серија за најголемата нуклеарна катастрофа во светот во Чернобил предизвика зголемување на бројот на туристи што сакаат да ја посетат електраната и „градот на духови“ во близина.

Туристичка агенција во Чернобил регистрирала 40 отсто зголемување на резервациите од почетокот на емитувањето на серијата во продукција на Ејџ-би-о во мај.
Прошетка низ Чернобил, со водич на англиски јазик, чини околу 100 долари по човек.

Во април оваа година се навршија 33 години од катастрофата во Чернобил

Извор: МИА

GOLD
To Top