Новости

Патувањa

Казна од 500 евра за туристите за користење на пластика

Туристите кои го посетуваат островот Капри во Италија ќе се соочат со парична казна до 500 евра ако користат пластични кеси, чинии или прибор за јадење.

Италијанското монденско острово Капри воведе нов закон за зачувување на природната средина.

Забраната која започна да се применува од почетокот на месецот се однесува на традиционалната пластика, сето ова е направено со цел да се заштити морскиот брег во близина на Неапол.

Градоначалникот Џовани Де Мартино за „Тајмс “ изјавил  дека законот ќе донесе нови промени , но тој е сигурен оти никој нема да се жали поради зачувувањето на природната околина.

GOLD
To Top