Новости

Патувањa

Како изгледа најскапото патување во светот?

Хотелот “The Venetian” во Лас Вегас нуди неверојатен аранжман наречен “Want the World”.

Ако постои град во кој важи изреката “повеќе е уште повеќе”, тогаш тоа дефинитивно е Лас Вегас.

Споменатиот хотел нуди аранжман кој опфаќа доаѓање и заминување со приватен авион, личен батлер и торта украсена со дијамантски гердан.

Ако се прашувате која е цената на ова задоволство, станува збор за скромни 450.000 долари.

А вака изгледа планот за патувањето:

– Пристигнувате во Лас Вегас со приватен авион, каде ве дочекува автомобил од марката “Maybach”, кој ќе ве однесе до хотелот.

– Ќе се сместите во апартман од 6.500 квадратни метри, кој ќе биде ваш дом во наредните шест вечери.

– Цело време на услуга ќе имате батлер.

– Ќе спиете во свилени пижами.

– Ќе можете да пиете Моет во неограничени количини.

– Ќе ве послужат со торта украсена со два и пол каратен дијамант, како и дијамантски ѓердан и прстен од златарницата Белусо.

GOLD
To Top