Новости

Патувањa

Кристално чиста вода,раскошни плажи- Ова се островите Паксос и Антипаксос

Пакси (Paxi,Paxoi) е најмалата островска група на Јонските острови, од кои најголеми се Паксос и Антипаксос. До нив се стига брзо,од Парга или од островот Крф. Познати по егзотичните плажи, ви претставуваме листа на најубавите места кои треба да ги посетите на овие острови:

1. Пристаништето во Паксос

Да почнеме со крајбрежјето на градот, и неговото пристаниште.  Градот ги има сите традиционални карактеристики на Грција, покрај тоа што е опкружен со природни убавини.

2. Плажата Еримитис

Еримитис на Грчки значи пустиник или монах, а оваа плажа е затскриена и тоа ја прави уште поубава, доколку сакате да избегате од гужвите.

3. Монолитос

Пештерата во Монолитос е многу посетена туристичка атракција.

4. Морски пештери

Прекрасните пештери на овој остров најдобро можете да ги видите од траект, и тоа е едно од најубавите работи кои ќе ги искусите на Пакси.

5. Пристаништето Лака

Лака е мало пристаниште кое се наоѓа на северниот дел на островот. Прекрасно место кое изобилува со идилични грчки куќи.

6. Плажата Кипиади

На ова прекрасно место морето е толку кристално чисто и сино, што бродчињата изгледа како да лебдат над водата.

7. Плажата Врика

И оваа плажа има кристално чиста вода, но тука водата е плитка, па можете да се релаксирате без да мора да пливате.

8. Сините пештери

Сините пештери се едни од најинтересните и посетуваните на овие острови. Под водата ги има многу,со што му даваат на островот магична атмосфера.

9. Лакот Трипитос

Трипитос претсавува интересна карпа, со огромен лак, и е една од најубавите во Грција. Вреди да се посети, и секако, одличните фотки од ова место не се изоставени.

10. Плажата Вутоми

Оваа плажа со тиркизна вода се наоѓа на островот Антипаксос, и се смета за една од најубавите плажи во цела Грција.

www.jk.com.mk
GOLD
To Top