Новости

Патувањa

Луксузно патување со воз низ швајцарските Алпи

Иако превозот со воз за многумина можеби е последен на листата кога станува збор за патување и освојувањето на далечните дестинации, сепак, откако ќе ја погледнете оваа железничка тура во Швајцарија, сигурно ќе посакате веќе следната ваша авантура, да ја доживеете патувајќи со воз.

Имено, станува збор за експресниот воз “Glacier Express” кој што ги поврзува двата главни планински ресорти Сент Мориц и Цермат во Швајцарија, притоа нудејќи магичен панорамски поглед кон величенствените Алпи и предизвикува восхит кон сјајното сино небо и зелените долини.

Кога се опишува како “експресен воз” не се мисли на воз кој може да се движи со ултра голема брзина, туку станува збор за епитет кој што му се дава поради фактот што обезбедува удобно патување на долга релација.

Всушност овој воз е познат и како “најубавиот воз во светот”.

За првпат возот “Glacier Express” се упатил на својата дестинација во 1930 година, а денес во својата рута во траење од нешто повеќе од седум часа, возот поминува низ вкупно 291 мост и 91 тунел, а највисоката точка која што се искачува изнесува 2033 метри надморска висина и се движи со брзина од 36 километри на час.

Glacier Express поминува низ три кантони: Valais, Uri и Graubunden, со должина од 275 километри. По пат ќе бидат посетени Сент Мориц, еден од најелегантните зимски ресорти во Швајцарија, кое воедно е место на богати и познати, како и Цермат, познато село на Алпите, кое е мета на фотографиите. Оваа рута, која е погодна во секое годишно време ќе ви овозможи и запознавање со најзначајните места од патувањето и тоа благодарение на слушалките кои се наменети за секој патник.

Со врвна ресторанска кујна и вкусни специјалитети, Glacier Express засекогаш ќе остане дел од вашето сеќавање.

GOLD
To Top