Новости

Патувањa

Магични грчки острови за кои можеби и не сте слушнале

Од година во година интересирањето за летување во Грција е се’ поголемо. Најпосетувани дестинации после Халкидики се островите на Јонското Море, како Скјатос, Тасос, Родос или Крит. Но, еве три острови кои со својата убавина не заостануваат зад најпопуларните, а кај нас не се толку познати.

Островот Хидра или Идра (Ydra)

Североисточно од Пелопонез се наоѓа мал остров, од Атина оддалечен е околу 70 километри по воздушна линија, и припаѓа на групата Саронски острови. На островот живеат околу 2500 жители, кои во главно се бават со одгледување на маслинки и туризам.

До него можете да стигнете со траект или хидроглисер од Атина, а во летната сезона со хидроглисер е побрзан со блиските острови Толо, Нафплио и Паро Хели.

На овој остров на секој чекор може да се види високиот стандард на туристичките услуги, па не е ни чудо што поранешниот претседател Костас Самарас летувал овде годинава.

Она што е карактеристично за овој остров е дека важи забрана за моторни возила, така што на овој остров можете да се движите исклучиво пеш, со коњ или со магаре.

Старото јадро на градот е испреплетено така што друг вид на движење низ градот и не е возможен. На островот се наоѓаат шест православни манастири, на брдото со поглед на плоштадот се наоѓаат и двата најважни манастири: Профитис Илиас, основан во 10-ти век, и манастирот Агија Ефпракиа.

Островот Тилос

Овој преубав остров припаѓа на групата Додекански острови, и се наоѓа помеѓу Родос и Кос. Островот се протега на само 64 километри квадратни. На него се наоѓаат голем број патеки за пешачење (околу 60), така што е една од омилените дестинации за оние кои сакаат да се бават со оваа активност. Флората и фауната таму се единствени, а на островот се наоѓаат околу 150 видови птици.

На островот има голем број плажи до кои можете да стигнете со локален автобус, како што се Ливадиа, додека до најпознатите и најубавите плажи можете да стигнете само со брод.

Куфониси – мали Киклади

Островите мали Киклади, сместени североисточно од островот Нахос, го сочинуваат Ано и Като Куфониси заедно со малиот остров Керос. Оваа група острови е тешко дури и да се лоцира на картата.

Островот Керос е ненаселено и заштитено археолошко пронаоѓалиште. Като Куфониси е мал остров, а за него е карактеристична црквата Богородица која е изградена на древни урнатини, на островот има неколку жители, една таверна и околу 10 куќи. На островот нема ниту струја, а водата се носи со бродови.

Ано Куфониси или само Куфониси е најмалиот остров на Кикладите, и спаѓа во најгусто населените острови со 360 жители.

Селото Хора е сместено на североисточната страна на островот, и изградено е во типичен стил на кикладската архитектура: едноспратни бели куќи без кровови, една до друга, со лавиринти од тесни улички.

Иако е мало, на островот се наоѓаат доста хотели и приватно сместување, жителите се љубезни и секако ќе се погрижат да уживате во секој момент поминат на овој остров. Се смета дека токму на овој остров се наоѓаат некои до најубавите плажи во Грција, како Платиа Пунда, Парианос и Финика.

tocka.com.mk

GOLD
To Top