Новости

Патувањa

Најубавиот пат на светот во исто време влева страв во коските

Атланскиот пат или Атлантерхавсвеиен, е еден од патиштата со најубава глетка во светот, иако е долг само 8,3 километри. Магистралата е направена во Норвешка 1989 година, а денеска претставува дел од норвешкото културно наследство и дел од туристичките тури.

Направен е со цела да поврзе неколку помали села и острови. На кратката траса, направени се дури 8 мостови и неколку вијадукти.

Проблем со овој пат е тоа што иако возачите може да уживаат во прекрасниот пејсаж, исто така може да го почувстуваат и „бесот“ на Норвешкото море.

Во текот на изградбата, која траеше 6 години и чинеше околу 25 милиони долари, во тоа подрачје имало дури 12 урагани кои не успеаја да спречат патот да не биде завршен.

Денеска силните ветрови и јаките бранови кои често удираат околу овој пат се дел од туристичката атракција и ги прават глетките уште попривлечни.

Кога е лошо времето – што често се случува во овој дел од светот, видливоста може да исчезне за неколку секунди. И потоа доаѓаат брановите, огромни „ѕидови“ од вода редовно поминуваат преку бариерите на самиот пат.

GOLD
To Top