Новости

Патувањa

Најубавите зимски дестинации кои мора да ги посетите

Овој период од годината е одлично да заминете на патување низ Европа, на места каде што зимата веќе е пристигната. Во продолжение ви ги претставуваме петте дестинации за посета оваа зима.

ЛАПОНИЈА- ДОМОТ НА ДЕДО МРАЗ

Лапонија не се смета за држава, таа е северна покраина на Финска, нејзината територија се простира  уште на трите држави Норвешка, Шведска и Русија. Лапонија е привлечна дестинација поради тоа што е најсеверна точка во Европа и таму живее номадскиот народ, народски познати како лапонци.

Најголемата магија на Лапонија е тоа што тука се наоѓа домот на  Дедо Мраз, тој тука  живее со својата жена на 170 километри од Рованиеми главниот град на Лапонија и секоја година седнат на санка што ја влечат ирваси ги посетува домовите на децата и им подарува подароци.

ГЕРМАНИЈА

Германија е одлична туристичка дестинација за одмор и релаксација за време на новогодишните и божиќните празници. Покрај прекрасно украсените градовите препознатливи се и Божиќните пазари кој се одржуваат секоја година низ сите градови.

ШВЕДСКА

Доколку се одлучите ова зима да ја посетите Шведска секако дека нема да останете рамнодушни од нај северната точка во Европа Абиско. Абиско претставува идеална дестинација за оние кои се вистински љубители на снегот, тука можете да уживате во прекрасната магија на Аурора светлината.

АВСТРИЈА

Во Австрија дефинитивно ќе ја осетите зимската идила и снегот низ малите гратчиња и села под Алпите каде што се одржуваат божиќни панаѓури секоја година каде што можете да си купите секако вид на новогодишни ситници.

НОРВЕШКА

Доколку сакате да заминете на некоја романтична дестинација со партнерот дефинитивно Норвешка во овој период од годината е местото како од бајките, со многу декоративни божиќни декорации и светкави сијалички насекаде низ градовите.

GOLD
To Top