Новости

Патувањa

Новиот аеродром во Истанбул по многу карактеристики ќе биде препознатлив во светот

Новиот аеродром во Истанбул, чија прва фаза ќе се отвори на 29 октомври од страна на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, ќе вклучава голем број на функции кои ќе бидат препознатливи во светот, без разлика дали во однос на големината, инфраструктура, безбедносни системи и дизајн, известува државната новинска агенција Анадолија (АА).

Компанијата “Istanbul Grand Airport” (IGA) која е основана во октомври 2013 година пет години работи на реализација на овој мегапроект.

Шест милијарди евра се инвестирани во отворањето на првата фаза, која ќе опслужува 90 милиони патници годишно.

Аеродромот е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри, а другите фази треба да бидат завршени до 2023 година. Околу 10.000 луѓе ќе бидат ангажирани во изградбата на аеродромот кој ќе биде еден од најголемите во светот.

На крајот од работите, аеродромот ќе содржи шест одделни писти, кои ќе имаат капацитет од 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип на паркирање со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе се опслужуваат околу 200 милиони патници.

Во првата фаза се планираат пет слетувања и ист број на полетувања секојдневно. Се планира летови во земјата, кон Анкара, Измир и Анталија, и кон Турската Република Северен Кипар и Азербејџан, кои ќе бидат првите меѓународни летови.

Се очекува дека на аеродромот, 2.000 авиони ќе полетуваат и ќе слетуваат секој ден, на повеќе од 350 дестинации, а 250 авиокомпании ќе ги нудат своите услуги.

Откако аеродромот ќе биде пуштен во употреба, компанијата ќе мора да плати кон државата 26 милијарди евра за 25 години, вклучувајќи ги и даноците, или околу 1,1 милијарда евра годишно.

Новиот аеродром, уште пред отворањето, доби неколку награди, па затоа може да се очекува дека овој тренд на награди ќе продолжи и во иднина.

-Аеродромот ќе се протега на 1,3 милиони квадратни метри и ќе биде меѓу најголемите во светот. Надворешниот и внатрешниот изглед ќе биде од мотивите на турската архитектура.

Новиот аеродром во Истанбул ќе биде поврзан со железница до центарот на градот. Договорите со лиценцирани такси-оператори исто така се потпишани за да се усогласат со сет на стандарди за обезбедување на услуги.

На аеродромот ќе се користи најновата технологија, а исто така ќе се инсталираат подземни радари.

Движењата ќе бидат забележани на растојание од 2,5 километри. На секои 60 метри ќе има фиксна камера, за секој 360 PTZ камери, 720 термички камери и оптички сензори. На два контролни пунктови ќе има членови на безбедносните сили.

На 9000 камери поставени на паркинзите и терминалите инсталирани се осум профили на осмоничено однесување. Тој што ќе биде препознаен со едно од осумте осомничени однесувања, веднаш ќе биде детектиран.

Постојат и системи за препознавање на регистарските ознаки, односно инфраструктурата за скенирање на лица.

Од Анкара: Мартин Николовски

GOLD
To Top