Новости

Патувањa

Ова е најлошата работа која може да ја направите додека летате со авион

Летот со авион после неколку часа знае да биде прилично вознемирувачки ако сите патници и екипажот во него не се однесуваат пристојно и не ги земат предвид останатите патници.

Скапа храна, гласна музика, бебе кое плаче и безобразен персонал се само некои од работите кои најчесто ги нервираат патниците за време на лет со авион.

Според зборовите на Ана Гинграс, жена која многу често лета со авион, една работа сепак е полоша од сите претходно наведени. „Тоа се луѓето кои ги спуштаат своите седишта без оглед на тоа што некој друг седи позади нив“, рекла за „Outside Magazine“ и додала дека тоа е во ред и разбирливо, само ако летот ви трае подолго од четири часа и со претходно известување на патникот кој седи позади.

„Работата е во тоа што знаете дека не е во ред кога ќе го притиснете тоа копче за спуштање на седиштето, но во случај навистина да сте безобразни, сакам ова да го знаете: вашите активности имаат директни последици на луѓето околу вас – доколку му го земете просторот некому, тој потоа ќе му го земе на некој друг позади себе.“

Нејзините зборови набрзо се прошириле на Твитер, каде наишла на патници кои не се согласуваат и во тоа не гледаат проблем, додека повеќето сепак се сложиле и истакнале дека тоа може да биде прилично напорно и да го отежне летот.

 

GOLD
To Top