Во христијанската религија, црквата е здание чија примарна дејност е да овозможи место каде ќе се собираат следбениците на Исус и каде се извршуваат религиозни обреди, литургии и молитви.

Традиционалните цркви се најчесто во облик на крст и имаат купола или камбанерија додека, модерните цркви се мешавина на стилови. Многу зданија изградени за друга намена се конвертирани во цркви и обратно, многу стари цркви денес имаат друга намена (музеј, галерија и сл.) Еве кои се најубавите цркви во светот.

„Las Lajas Cathedral“, Наринјо, Колумбија 

Сместена е над реката Гујаитара помеѓу две седиментни карпи по што го добива и името. Импресивнато здание е споено со остатокот со мост. Црквата е изградена баш на ова место заради указанието на Богородица во 1754 год. Бегајќи од невреме мајката Марија и нејзината глувонема ќерка Роза се скриле помеѓу карпите за да најдат засолниште. Во еден момент Роза извикала ”Жената ме вика…” и покажала на осветлена силуета над карпите. Во чест на ова приказание многу верници почнале да се собираат на ова место и со добротворни прилози почнале да градат црква во чест на Богородица.

„Sagrada Familia“, Барселона, Шпанија

Римо-католичката црква, мешавина на готски стил и art nouveau е дизајнирана од каталонскиот архитект Антони Гауди. Изградбата започнала во 1882 год и до неговата смрт во 1926 год изградена е само една четвртина. Со градење се продолжува дури по Шпанската Револуција. Се очекува финализирање на градбата во 2026 год со што би се одбележала стогодишнината од смртта на Гауди. Иако е недовршена, од Ноември 2010 год. е прогласена за Светско Културно Богатство под заштита на „UNESCO“.

Базилика Св. Василиј, Москва, Русија

Руската православна базилика се издигнува над Црвениот Плоштад во непосредна близина на Кремлин во Москва уште од 1555-61 год. Куполите што како пламени се наоѓаат на секоја од десетина цркви во склоп на главното здание се единствена творба. Ова е и седиштето на Рускиот Вселенски Патријарх.

Аја Софија, Истанбул, Турција

Прекрасното византиско здание со поглед на Босфор е поранешна православна црква, кратко време и католичка црква, подоцна џамија а, денес музеј. Првиот камен на овој храм е поставен во 360та година. Секоја деценија, секој век, секој владетел оставиле трага, па така оваа црква има единствен изглед кој вклучува куполи и минариња и непроценливо богатсво во фрески, икони и религиозни предмети.

Базилика Св. Петар, Ватикан

Можеби најпознатата црква во цел свет и истовремено најрелигиозниот христијански објект е изграден во касно-ренесансен стил. Според римо-католичката традиција овде почиваат останките на Св.Петар, по кој го носи и името, првиот Папа и еден од дванаесетте апостоли. На локацијата на Базиликата уште од 4тиот век постоела црква. Изградбата на црквата со денешниот лик започнала на 18. Април 1506 и е завршена на 18. Ноември 1626. Базиликата е место на многубројни литургии и свечености. Уметничкото богатство е напреценливо бидејќи многу уметници имаат уддел во создавањето, како на внатрешниот така и надворешниот изглед, меѓу кој секако најпознат е Микеланџело.

„Notre Dame“, Париз, Франција

Се смета за еден од најрепрезентативните објекти на француската т.е. европската готска архитектура. Натурализмот на скулптурите и замаглените стакла се контраст на раната романска архитектура. Изградбата започнала во 1163 год. За време на Француската Револуција во 1790тите години катедралата е сериозно оштетена. Реставрацијата под надзор на Јужен Виолет-ду-Лук ја доведува катедралата до нејзиниот најимпресивен изглед на кој и денес му се воодушевуваме.