Новости

Патувањa

Одмор во Турција – зошто да не!

Доколку се уште немате одлучено каде на одмор ова лето, наша препорака е тоа да го направите и да ја посетите Турција. Понудите со директен чартер лет од Скопје се вистински хит за лето 2019. Анталија, Кемер, Сиде, Белек, Аланија нудат за секого по нешто…


Чартер летови за Анталија има секој понеделник и четврток, а пакет аранжмани има за 6, 9 и 13 ноќевања.


Она што ја прави Анталија толку величествена е градот сокриен под прекрасните плажи со големиот број на високо луксузни хотели кои ви нудат се што ќе посакате.
Туристичката агенција ЈК Травел оваа година ја има една од најбогатите понуди токму за оваа дестинација , а зошто треба да ја одберете токму Турција ни открива Светлана Симјановска од оваа агенција.

Турција оваа година е една од најбараните дестинации кога е во прашање летото. Вие имавте можност да посетите голем дел од хотелите кои се наоѓаат во Анталија, Аланија, Кемер, Сиде и Белек . Кој е вашиот впечаток за оваа дестинација?

Светлана: Турција е апсолутно земја која вреди да се посети и има дестинации атрактивни за посета во текот на целата година. Конкретно за овие места имав можност да посетам добар дел од хотелското сместување кое нуди услуги за секого. Ќе ја издвојам Аланија како област која нуди пакет аранжмани со прифатливи цени и хотелска услуга и каде што престојуваат најголем дел од нашите клиенти.


Тука најголем дел од хотелите се наоѓаат од источната страна по плажата Кејкубат и од западната познатата Клеопатра. Сиде според мене е место кое нуди хотели со атрактивни содржини и плажи посебно за фамилии со деца. Кемер дел кој најмногу ми се допадна. Препознатлив е по свежата клима со најзелена област исполнета со борови шуми. И овој дел можам да кажам дека нуди голем избор на хотелско сместување но и забава. Располага со бројни продавници, ресторани барови и ноќни клубови.

Лара е област препознатлива по хотелското сместување од највисока категорија на хотелски услуги и за клиенти кои сакаат да бидат во близина на градот и аеродромот

Работата како туристички работник ви овозможува да посетите многу дестинации. По што оваа дестинација се разликува од останатите кои ги нудите?

Светлана: Оваа дестинација можам со целосно право да кажам дека се разликува многу по гостопримливото население , хотелските услуги и концепти кои искрено е потешко да се најдат и ги има на другите туристички места кои ги нудиме .
Сите хотели имаат анимациски тимови кои нудат забава за сите возрасти , храна за секаков вкус , СПА центри . Исто така за сите парови кои сакаат својот меден месец да го поминат во Турција хотелите нудат неколку услуги специјално за нив како што се декорација на собата, гратис вечера во некој од а ла карте рестораните .

Што е она што траба да знаат луѓето ако сакаат да летуваат во Турција. Што треба да посетат?

Светлана: Важен податок за Турција е сите македонските државјани при влез во оваа земја треба да имаат пасош валиден минимум 120 дена од денот на пристигнување.

Анталија со право го носи називот „главен град на турскиот туризам“, како што многумина го нарекуваат.

Пристаништето Анталија е прекрасно место за одмор и релаксација, можете да уживате во прекрасната глетка во некоја од многуте пријатни кафиња и барови.
Анталија е и центар шопинг па секако треба да посетите и некои од големите и модерни шопинг центри, од кои секако најпопуларен е Мигрос Шопинг Центарот.
Интересна е посетата на античкиот дел во Сиде Сиде се наоѓа на околу 65 км од Анталија. И претставува место каде што странките можат да се запознаат повеќе со културно – историското наследство од овој регион и каде што доминантен е античкиот амфитетар од VII век и храмот на Аполо со неговите исправени столбови Овој дел исто располага со многубројни ресторани, кафулиња и сувенирници од каде можете да изберете разни вкусови на познатиот турски локум , незаменливото турско кафе и турскиот чај и неизбежната турска баклава.

Што е она по што се разликува понудата на ЈК Травел од останатите агенции?

Светлана: Нашата понуда нуди голем избор на хотелски сместување за клиенти кои се со ограничен буџет . Исто и клиенти кои се со повисок буџет и бараат хотелско сместување од висока категорија. За фамилии со деца кои бараат покрај добра хотелска услуга хотели со аква паркови и програми за децата
И да напоменам за сите клиенти кои се заинтересирани да летуваат во Турција имаме промотивни попусти почнувајќи од месец Јануари .

GOLD
To Top