Новости

Патувањa

Сакате да патувате сами? Во овие држави ќе бидете безбедни, а една од нив ќе ве изненади

За луѓето кои патуваат сами најбезбедна земја е Сингапур, а по неа следат Норвешка, Исланд, Финска, Узбекистан, кинескиот град Хонг Конг, Швајцарија, Канада, Индонезија и Данска.

Патувањата без друштво се сè попопуларни, но кога човек патува сам важно е да биде во безбедно окружување.

Затоа на порталот “WeGoPlaces.me” бил објавен извештај за безбедно соло-патување – Solo Travel Safety Report 2019, кој патниците ги советува каде да одат и како безбедно да патуваат низ светот. Истражувањето го направила светските познатата компанија “Галуп” и тоа на светско ниво.

За извештајот на Галуп биле собрани податоци од жителите од 142 земји. На испитаниците им биле поставувани прашања како колку безбедно се чувствуваат додека сами шетаат во ноќта, колку и веруваат на локалната полиција, дали биле нападнати и ограбени и друго.

Се воспоставило дека за соло патниците најбезбеден е Сингапур, а по него се Норвешка, Исланд, Финска, Узбекистан, Хонгконг, Швајцарија, Канада, Индонезија и Данска.

Преголеми изненадувања нема, освен можеби Узбекистан, но властите на таа некогашна советска република очигледно воспоставиле одлично нив на безбедност.

Од друга страна, никако не се препорачува сами да одите во Венецуела, Авганистан, Јужен Судан, Габон, Либерија, Јужна Африка, Мексико, Доминиканска Република, Боцвана и Сиера Леоне.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Точка

GOLD
To Top