Новости

Патувањa

Совети за патување со авион

Патувањето со авион за некого може да претставува задоволство, а за друг непријатно искуство. Авионите се почесто стануваат средство за превоз. Повеќето од патниците кои патуваат со авион, патуваат заради одмор или се на службено патување. Без разлика на која група спаѓате секогаш треба да знаете на што се да бидете подготвени доколку патувате со авион.

Пред патување без паника и брзање. Оставете си доволно време за да се спакувате и подготвите за вашиот пат. Внимателно одберете што ќе носите во вашиот рачен, а што во вашиот дополнителен багаж. Многу од патниците се збунети и незнаат што е дозволено да понесат со нив, а што не. Затоа е многу важно да бидете информирани на време, со цел полесно и побрзо да влезете во авионот. Погрижете се вашите документи како пасош, авионска карта,пари, виза (доколку е потребно) да се секогаш со вас и на безбедно место.

Додека летате без разлика дали летот ќе трае два-три или осум-девет часови, треба да бидете подготвени. Облечете ја вашата најудобна облека со цел да ви е поудобно додека трае летот. Ставете го вашиот мобилен на опцијата за авионско летање. Доколку вашиот лет трае подолго, понесете си некоја книга или филм со кое времето ќе ви помине побрзо. Некои авио компании им нудат на патниците слушалки, перниче и ќебенце доколку летот трае подолго, но доколку ја немаат таа опција, пожелно е да си понесете со себе. Исто така авио компаниите нудат храна и пијалоци за време на летот, но можете и да си понесите, само пожелно е предходно да се информирате за количината која што можи да се внеси во авионот.

По слетувањето доколку сакате брзо да излезите од авионот и да ја избегните гужвата, погрижете се вашето седиште да е поблиску до една од вратите за излез. По излегувањето од авионот спремете ги вашите документи и упатете се кон пасошка контрола и царина.

Извор: jktravel.mk

GOLD
To Top