Новости

Патувањa

(Фотогалерија) Репортажа од најпознатата Халовин забава во Будимпешта

Халовин забавите се едни од најпопуларните низ светот. А додека сум во Будимпешта не можев, а да не посетам и самата една таква забава во срцето на градот.

Сега ќе помислите па што е толку специфично во нив, истото сценарио секаде, но после фотографиите и текстот ќе се уверите дека и не е баш така.

Халовин забавата кој јас ја посетив по многу нешта е единствена и да, секако вреди да се посети.

Ноќта на вештерките, познатиот светски празник полека ја наметнува својата популарност не само во Америка туку и насекаде низ светот, па така и во големите европски градови меѓу кои и Будимпешта.

Ова е дефинитивно еден од највозбудливите празници во светот.

Во многу земји во светот, а особено во САД и Канада, Ноќта на вештерките се очекува со огромно нетрпение и возбуда. Домовите и продавниците веќе одамна се украсени со симболот на празникот – тиква издлабена и исечена да личи на глава на чудовиште.
Главните карактеристики на овој празник се-

– Портокалова и црна боја:

Овие бои го претставуваат времето од годината. Портокаловата боја ја претставува есента. Овој келтски празник ја одбележува транзицијата помеѓу „светлите“ и „мрачните“, па црната боја ги претставува мрачните денови на зимата.

– Лилјаците добиле ново значење откако легендите за вампирите го заземаа своето место во фолклорот на Ноќта на вештерките, бидејќи се смета дека вампирите можат да се трансформираат во лилјаци.

-Според старите келтски верувања мачките се реинкарнирани души на луѓето. Исто така, мачките можат да ја видат иднината.

-Според старите верувања луѓето носеле маски, бидејќи на тој начин можеле да ги измамат духовите и демоните. На оваа ноќ „завесата“ помеѓу духовниот свет и природниот свет е толку тенка, што е најдобро да се преправате дека сте некој друг.

Се верувало дека моќта на вештерките е најсилна токму на овој ден, 31 октомври.
Во Будимпешта секоја година со нетрпение се очекува оваа ноќ, пред се заради тоа што токму луѓето на овој ден ја покажуваат својата креативност во избор и создавање на маски со кои ќе присуствуваат на некоја забава.
Токму секоја година, традиционално за најдобрата Халовин забава се грижат Луиџино и Андре, кои стојат позади L.A.night Budapest,односно организирање на најдобрите и најгламурозни забави во Будимпешта.

Оваа година Халовин забавата беше во познатиот Буда бар, а освен што маските беа маст хев, забавата во Буда бар, изобилуваше со гламур и уникатност.

На самиот влез не пречекаа пајакови мрежи и лилјаци, страшни звуци и вештерки.


Декорот изобилуваше со скелети, чудовишта, пијалоци од кои излегува чад, а кој ви ги носи келнер со исечено и раскрвавено лице. Маска секако:).

Но овие забави не се стандардни Халовин забави каде ќе се маскирате и толку. Не. Овде музиката ве понесува толку што играте до раните утрински часови, се забавувате до таму што едвај ја чекате наредната Л.А забава.
За оние кои немаа идеја за маска, Андре и Луиџино се погрижија да донесат мејк ап тим кој ги црташе најстрашните крвави лузни на лицата на гостите.
Инаку Л.А.забавите во Будимпешта се едни од најпознатите, на кои влегувате со претходна резервација од најмалку две недели, а истите се одржуваат во најпознатите и најлуксузни објекти низ градот.

Гостите се пречекуваат со шампајнско, а дрес кодот секогаш на овие забави е секси и елегантен, додека мажите мора да се облечени во костуми.
Dress to impress или Dress up, show up and enjoy a brilliant and elegant party night, се само едни од лајт мотивите на Л.А.најт забавите.

Ноќта на вештерките е дефинитивно еден од највозбудливите празници во светот. Мистерија, страв, хорор и многу многу слатки и забава. Сериозен натпревар има меѓу сите креативци кои сакаат да воодушеват со својата маска. Дали се работи за најстрашна, најиновативна или најубава, најважно од се е да остави голем впечаток, па така и оваа вечер во Буда бар, посетителите дефинитивно покажаа дека знаат одлично да се забавуваат и креативно да ја осмислат својата маска.

До следната репортажа уживајте во уште неколку фотографии од Халувин забавата во Будимпешта.

Репортажа на Неда Маретиќ

GOLD
To Top