Новости

Патувањa

Би живееле ли на Малдиви бесплатно една година? – Прочитајте го огласот и еве што треба да направите

Не, не сте прочитале погрешно. Малдивите имаат предлог како навистина да се одморите и да уживате во прекрасните ресорти, песочни плажи, тиркизната вода…

Ако сакате да си дозволите одмор од цивилизацијата и метежот една година, сега е можно, бидејќи постои начин да живеете на ова фантастично место од бајките една година и тоа бесплатно.

И што е штосот? Треба само да ги сакате книгите и да имате барем малку разбирање за литературата, бидејќи ова е работа на книжарница. Претходно искуство во продажба или издавање книги би било бонус. А книжарницата се наоѓа во луксузно одморалиште на островот Баа Атол на Малдивите.

Оној што ќе се пријави на огласот ќе мора сам да ја води книжарницата повеќе или помалку, да се грижи за залихите на книги и да дава препораки до сите гости, а името на позицијата од огласот е barefoot bookseller.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nature Lover (@pretty_earth_lover)

Платата за оваа работа е околу 750 евра, но обезбедено е бесплатно сместување за една година во ултра луксузно одморалиште кое нормално чини околу 35 илјади евра од ноќ. Има и други предности, нема лоши вести и се е посветено на релаксација, но единствениот недостаток, е тоа што оној што се занимава со оваа работа би можел да биде малку осамен.

Меѓутоа, самата локација во средината на биосферниот резерват на УНЕСКО Баа Атол и околината веројатно би ја намалиле таа осаменост, а веруваме дека веќе ја скокоткавме вашата фантазија. Заинтересираните кандидати треба да бидат подготвени да започнат со работа во октомври, а пријавувањето може да се изврши преку овој линк.

Евротип
SNBROKER
To Top