Новости

Патувањa

ВИДЕО: Возот запре под Ла Манш, патниците со часови останаа заглавени во тунелот

Откако воз се расипа на линијата од француското пристаниште Кале до Фолкстон, Англија, десетици луѓе останаа блокирани со часови во тунелот под Ла Манш,

На социјалните мрежи се појавија снимки на која се гледа како патниците се евакуирани преку итен премин откако морале да го напуштат возот.

По неколку часа чекање, тие биле префрлени во воз за замена и одведени во Фолкстоун.

Патниците кои останаа заглавени велат дека на властите им биле потребни пет часа да одлучат за евакуација откако им било кажано дека се обидуваат да го решат проблемот.

Компанијата „Јуротанел шатл“ соопшти дека причина за застојот е тоа што алармите се огласиле во возот и дека тоа треба да се истражи.

Евротип
SNBROKER
To Top