Новости

Патувањa

Водич во Операта во Сиднеј, чувар во кулата во Лондон – Како изгледа работата во познатите светски атракции

„Никогаш не можам да ми биде досадно кога ја имам најдобрата работа во градот“! Како изгледа работата во познати атракции?

Операта во Сиднеј, Големиот Кањон, Сината лагуна – атракции кои многумина сонуваат да ги посетат. Но, има и такви кои се и „над глава“, а тоа се оние кои се вработени како водичи, чувари или слично. Како изгледа нивниот поглед на најголемите знаменитости во светот открија на порталот Дејли Меил!

Операта во Сиднеј

Сте наеле ли дека операта во Сиднеј е дизајнирана од

данскиот архитект Јорн Утцон кој ја дизајнира операта во Сиднеј, всушност не учествувал целосно во нејзината изградба, бидејќи се скарал со министерот за градежништво и ја напуштил Австралија среде градба, во 1960-тите.

„На почетокот на секоја турнеја, имаше луѓе кои плачеа кога дознаа дека Јорн Утцон никогаш не ја видел својата работа завршена“, рече Дерил Купер, кој ги води туристите до австралиската атракција во последните 22 години.

Кога Дерил првпат почнал да ги носи посетителите на турнеи, бил изненаден од тоа колку е голема зградата внатре.

„Мислам дека туристите секогаш се изненадени кога ќе дознаат колку навистина е голема операта. Тоа е многу повеќе од фасцинантен екстериер, па апсолутно никогаш не ми било досадно додека ги водам туристите на турнеја“.

Кулата во Лондон

 

Питер МекГоуран има навистина неверојатна работа. Тој е главен чувар на Лондонската кула и откри дека всушност во неа, чуварите имаат свој бар. Овој факт изненадува многу туристи, а она што е интересно е што овој човек, пред да стане началник на гардата, служел во кралското воздухопловство цели 25 години. Питер констатира дека тоа е неговата работа од соништата и вели: „Не може да ми здодее кога ја имам најдобрата работа во градот и живеам во палата во центарот на Лондон?“

 

Сината лагуна

За Снори Мар Гунарсон секојдневното пливање во геотермалниот базен е дел од работата, а луѓето патуваат од целиот свет за да се капат во водите на Сината лагуна

Неговата работа е да пречекува гости во познатата исландска туристичка атракција. Тој вели дека порано работел за авиокомпанијата на најголемиот аеродром во земјава, а за него влегувањето во лагуната „овозможува поблиска врска со гостите“.

Меѓу другото, неговата задача е да создаде незаборавно искуство за туристите, од разговор за Сината лагуна до помагање во фотографирањето.

Големиот Кањон

Големиот Кањон во Аризона е природно чудо што го одзема здивот. Со темноцрвени пукнатини од карпи кои се протегаат 445 километри во должина и 28 километри во ширина, оваа атракција толку е воодушевувачка што некои посетители имаат доста интензивни реакции кога првпат ќе го видат. „Најекстремната реакција што ја видов беше човек кој зачекори до кањонот, скокна назад, плачеше, а потоа му се слоши. Беше толку воодушевен!“, вели Лани Стрејнџ, која работи во овој национален парк веќе четири години. Таа вели дека најголемата предност на нејзината работа се луѓето со кои се среќава, особено оние кои отсекогаш сакале да дојдат овде.

Неодамна имав 95-годишен пар кој ми кажа дека доаѓаат овде секоја година од 1950-тите. Ова беше нивната последна посета и ми кажаа колку многу се променило со текот на годините.

 

Евротип
SNBROKER
To Top