Новости

Патувањa

Во Дубаи отворен највисокиот базен во светот

Во новоотворено луксузно одморалиште во Дубаи отворен е и импресивен базен за гостите, кој се наоѓа на 77. кат на висина од речиси 300 метри. Тоа е рекордна висина за едне базен и овој базен официјално е највисокиот во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди.

Долг е 94,84 метри и широк 16,5 метри, што е речиси дупло повеќе од олимписките базени, пишува CNN. Базенот е отворен само за гостите постари од 21 година, но во прекрасниот поглед можат да уживаат и тие што ќе резервирата место во азискиот ресторан Zeta Seventy Seven, наречен така затоа што базенот се наоѓа на 77. кат.

Но, висината на која е изграден базенот не е единствената причина за Гинисов рекорд. Adress Beach Resort, кој е сопственик на одморалиштето заедно со Address Beach Residences е сместен во двете кули кои се поврзани во подножјето и со небесен мост во делот од 63. до 77. кат. Во тој дел од кулите, на висина од речиси 300 метри, се наоѓаат луксузни станови и апартмани, што исто така е запишано во Гинисовата книга со рекорди.

Импресивната зграда е отворена во декември минатата година и е уште една архитектонска атракција во Дубаи.

GOLD
To Top