Новости

Патувањa

Египет ги олеснува рестриктивните мерки за туристите

Египет ги олеснува мерките со рестартирање на секторот за забава, пренесува АТОР. По 16 месеци, Министерството за туризам и антиквитети дозволи повторно отворање на театри, концертни сали, забавни паркови, казина, ноќни клубови и дискотеки, вклучувајќи ги и оние лоцирани во хотелските комплекси.

Нивното функционирање е ограничено на 70 проценти од максималниот капацитет на салата, со почитување на сите санитарни мерки и добивање на соодветна лиценца од Министерството за туризам.

Дискотеките и ноќните клубови ќе бидат отворени до 2:00 часот наутро. Истовремено, останува забраната за служење наргиле во ресторани, кафулиња и други јавни места.

Претходно, египетското Министерство за туризам ја зголеми максималната искористеност на хотелите и рестораните од 50 на 70 проценти.

Властите тврдат дека состојбата со коронавирусот во земјата се стабилизира. На 16 јули, египетското Министерство за здравство потврди 77 нови случаи на инфекција со Ковид-19, со што вкупниот број достигна 283.567 лица.

Евротип
Евротип
To Top