Новости

Патувањa

Изгласани земји со најдобри плажи во светот: Шпанија е шампион 

Време е за лето и конечно е време да се опуштите на некоја плажа. Доколку сеуште не знаете каде да би отпатувале, а сте во можност да си го дозволите одморот кој долго сте го посакувале, погледнете каде се наоѓаат најдобрите, најчисти и одржувани плажи кои го задоволиле апетитот и кретериумите на многу мина низ светот.

За плажата да биде означена со сино знаме мора да исполнува неколку критериуми од областа на заштитата на животната средина, пред се квалитетот и безбедноста на водата и крајбрежјето.

Шпанија е светски шампион по квалитет на плажите, а Грција е на второто место на светската ранг листа, објавија неодамна грчките медиуми.

Според грчкото здружение за заштита на природата, шпанските плажи добиле 621 сино знаме, а Грција 581, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Најголем број грчки плажи означени со сино знаме – сертификат за квалитет, се наоѓаат на островот Родос (55), потоа Неа Пропонтида на Халкидики (19) и Ситонија и Херсонисос на истиот полуостров, со 18 сини знамиња.

По Родос, грчките острови со најдобри плажи се Хиос (15), Кефалонија (13) и Кос (12).

Евротип
SNBROKER
To Top