Новости

Патувањa

Што ќе се случува за педесет години? – Музеј на иднината во Дубаи

На 2 февруари 2022 година, во Дубаи беше отворен Музејот на иднината. Меѓу другото, овој датум е палиндром, кој од свој аспект има многу позитивни значења).

Иницијативата ,,Dubai Future” основа музеј со цел да го промовира технолошкиот развој и иновациите, особено во областа на роботиката и вештачката интелигенција. Со други зборови, овде може да видете што би не очекувало во иднината за 50 години од сега и кои се плановите кои се подготцуваат.

Прекрасната зграда, дизајнирана како асиметричен рог обложен со челик и стакло, неодамна беше вклучена во листата на најубави музеи во светот на списанието National Geographic – таа е на 14-то место.

Самата зграда е своевидно архитектонско чудо. Изградена е со помош на најновите технологии и тљка претставува визија за тоа како ќе изгледаат зградите во иднина.

Приказната за овој музеј започнува од тула и не се враќа назад. Импресивната зграда на која светот и се восхитува, има девет ката и 320.000 метри квадратни, а изградена е така што нема столбови кои би ја потпирале нејзината конструкција. Целата структура се потпира на мрежа од 2.400 челични цевки кои се сечат дијагонално во надворешната рамка и на кои се прикачени бетонски подни плочи.

На фасадата на музејот има арапска калиграфија – линии на инспиративна поезија на Неговата Светост Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи. Буквите претставуваат и визуелна декорација и прозорци и носат посебна симболика. Еден од стиховите зборува за иднината, дека таа им припаѓа на оние кои можат да ја замислат, осмислат и изведат и дека таа не е нешто што се очекува, туку – создава.

Околината на музејот исто така е внимателно дизајнирана – музејот е опкружен со градина со 100 растителни видови кои го рефлектираат наследството и биодиверзитетот на Обединетите Арапски Емирати. Има палми, багреми, разни цвеќиња.

Визија за иднината

Набљудувањето на експонатите на уникатниот музеј на посетителите им носи визија за (замислениот) живот во 2071 година. Има и вселенска станица (наречена OSS Hope) и дигитално создадена амазонска прашума. Музејот комбинира елементи на традиционални изложби со елементи на театар и тематски атракции Се прикажува како решенијата од следната генерација (од вештачка интелигенција до зголемена реалност и неверојатни идеи) можат да ни го подобрат животот.

Секој кат од музејот е дизајниран како експанзивен, интерактивен филмски сет, оживеан од професионални раскажувачи, технолози и уметници визионери. Темите во фокус се – иднината на патувањето во вселената, иднината на секојдневниот живот, климатските промени и екологијата, здравјето на луѓето, благосостојбата и духовноста.

Специјални програми

Во Музејот на иднината често се презентираат иновации, се одржуваат специјални работилници, се одржуваат интересни научни разговори. Децата можат да уживаат во дел од поставката „Идни херои“, наменски дизајниран простор што ја поттикнува имагинацијата, креативноста и ги отклучува скриените потенцијали. Овој дел од изложбата е наменет за деца на возраст од три до десет години.

Музејот во Дубаи е и седиште на градската иницијатива „Големите арапски умови“, која претставува 1.000 извонредни арапски таленти во клучните области.

Билетите може да се резервираат на официјалната веб-страница на музејот, а цената е 145 AED (37 €).

Евротип
SNBROKER
To Top