Новости

Патувањa

Лет во прва класа – Најсмешни и бизарни жалби на патниците

Летањето во прва класа во авион не е нешто што е достапно за секого и повеќето луѓе имаат искуство со економска класа. Колку и да биле задоволни од тоа, и колку и да се жалеле, секогаш има некој во прва класа чии поплаки се уште полуди.

Случај 1:,,Ако не биде по мое, врати го авионот назад”

Еден од најпознатите случаи се случи на летот на Korean Air, а денес дури има и своја страница на Википедија. Тогашната потпретседателка на оваа компанија се налутила што лешниците се служеле во оригиналното пакување наместо во чинија, како што таа сакала.

Таа била толку бесна што му наредила на авионот да се врати на капијата пред полетувањето, по што се судрила со шефот на екипажот и го нападнала. Полетувањето доцнело 20 минути, а подоцна таа морала да поднесе оставка и била осудена на една година затвор поради попречување на безбедноста на сообраќајот во воздух и одлежала пет месеци затвор.

Случај 2:,,Што?! На авионот нема пижами за мене? Не доаѓам!”

Друга ситуација се случи на летот на Qantas, кога двајца патници од прва класа одбиле да патуваат бидејќи сфатиле дека авионот нема пижами со големина XL. Им била понудена опција за бизнис класа, која тие ја одбиле и побарале да го напуштат авионот. Летот доцнел 30 минути пред вкупно 15 часа лет, а останатите патници слатко се насмеале кога од пилотот ја слушнале причината за доцнењето.

Случај 3:,,Време е за слетување затоа што ЈАС така мислам! “

Можеби најлудата ситуација, која сама по себе не е поплака, се случи во првата класа на Delta Air Lines, на летот помеѓу Чикаго и Пекинг. Имено, еден патник по еден час лет решил дека е вистинско време да ја отвори вратата за евакуација и потоа ја удрил стјуардесата која се обидела да го спречи. Другите членови на екипажот потоа му скршиле шише вино од главата за да го спречат и подоцна го предале на полицијата во Сиетл.

Извор: Dmarge

Евротип
SNBROKER
To Top