Новости

Патувањa

Минхен не е единственото место на добро пиво – Најдобрите дестинации во Европа за љубителите на овој пијалок

За љубителите на овој пијалок, понекогаш се што ви треба е добар пријател, чаша пиво (или можеби повеќе)… и разговор.

…И додека зa некои луѓе пивото е само пијалок, за други е начин на живот!

Овој пијалок стана толку популарен во светот што можеби дури и во чест негова или во име на овој алкохол, се организираат фестивали. Се разбира најпознат е Октоберфест во Минхен – Германија, кој некои го нарекуваат главен град на пивото во светот. Оваа година Октоберфест ги отвара вратите за своите посетители после долгата пауза поради пандемијата од 2019. Возбудата е толку голема што веќе се распродадени сите билети околу настаните кои ќе се одржуваат во рамките на најпопуларниот надалеку прочуен фестивал.

Но, не плашете се, ако не можете да стигнете до Минхен во октомври, има многу други големи европски „пивски“ градови кои ќе ви посакаат добредојде оваа есен. Во следните редови ќе ве запознаеме со некои од нив.

Берн (Швајцарија)

И покрај тоа што е релативно мал град, административниот центар на Швајцарија има култура на пиво доволно силна за да се најде на оваа листа. Берн е дом на речиси 200 пиварници и микропиварници, од кои многу се во непосредна близина на центарот на градот (особено околу квартот Брајтенрајн).

Каде да пиете: Секаде, ако пивото се доставува со велосипед од пивницата Курбел Брау.

Што да нарачате: Oberbottiger Kurbelbrau, магливо пиво кое се прави без филтрирање, пастеризација или стабилизација.

Вроцлав (Полска)

Полската пивска култура е легендарна низ цела Европа, а градот Вроцлав е најдоброто место за пиво во земјата (освен, можеби, Варшава). Во последните десет години е забележан постојан раст на микропивари во Вроцлав, при што повеќето од нив се наоѓаат во центарот на градот. На градскиот плоштад ќе најдете три од најдобрите: Brovar Złoti Pies, Bierhalle и Spiz Brewery.

Каде да се пие: Browar Stu Mostów се смета за една од најдобрите пивски сали во градот. Се наоѓа во центарот на градот, во близина на Варшавскиот мост.

Што да нарачате: Nigredo Chocolate Mint Foreign Extra Stout е задолжителен вкус за сите посетители кои првпат ќе ја посетат оваа пиварница.

Букурешт (Романија)

Сцената на занаетчиското пиво во Букурешт значително се прошири во изминатите неколку години, со нови омилени, како што се пивските брендови Ground Zero и Berestroika. Кога ќе се најдете во главниот град на Романија, не пропуштајте да се прошетате во стариот дел на градот, каде што има многу одлични пабови.

Каде да пиете: Наша препорака е пабот Bere şi Bere, кој служи пива од најдобрите микропиварници од целата земја.

Што да нарачате: Секое пиво од брендот Capra Noastră.

Евротип
SNBROKER
To Top