Новости

Патувањa

Најскапиот авионски билет е 22.670 евра и постојано е распродаден

Повратниот авионски билет од прва класа на летот од Сан Франциско до Франкфурт моментално е најскапа во понудата на Луфтханза, изнесува 22.670 евра и постојано се распродава.

Карстен Спор, извршниот директор на германската авиокомпанија, ја наведе цената на авионскиот билет како илустрација дека компанијата закрепнува по пандемијата на Ковид побрзо од очекуваното.

Спор зборуваше во историскиот Аеро клуб Вашингтон и рече дека Луфтханза може да се пофали со многу добри резултати, особено на летовите за Северна Америка.

Така Луфтханза го зголеми бројот на дестинации со кои лета за САД, а сега ги има 25, што е повеќе отколку пред пандемијата.

Евротип
SNBROKER
To Top