Новости

Патувањa

Најстарите ресторани во светот – Еден од нив датира од 803 година

За оние кои знаат што претставува миксот од кулинарското гурманско уживање и историјата на серо тоа, веруваме дека се на право место.

Во овој текст, ви ги прикажуваме најстарите ресторани во светот кои готват и служат неверојатни јадења и му пркосат на тестот на времето.

„Собрино де Ботин“, Мадрид (1725)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Albert Bevia (@spainonafork)

Според Гинисовата книга на рекорди, „Собрино де Ботин“, кој ги отвори вратите во 1725 година, е најстариот ресторан во светот. Служи како стандард за супериорна регионална кујна во Мадрид. Со своите широко познати јадења како што е јагнешкото месо приготвено на скара во шпански стил – го зазема третото место на листата на Форбс за 10 најдобри традиционални ресторани во светот. Најавтентичниот момент е фактот што кога ќе влезете внатре, можете да го почувствувате присуството на големите звучни имиња, затоа што токму тука вечерале многу познати писатели, меѓу кои и Ернест Хемингвеј и Греам Грин. Самото сознание го прави ова место уште повозбудливо искуство.

„A la Petite Chaise“, Париз (1680)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleph Gallery (@aleph_gallery)

Ова е вториот најстар ресторан во Париз, каде некогаш се собирала политичката, социјалната и уметничката елита. Луј XIV бил на власт кога бил основан овој ресторан, а тоа било во 1680 година. Менито вклучува јадења кои се приказ на француски класици во учебниците. Традиционалната француска храна се служи во една од трите соби или, кога времето дозволува, на терасата. Двете соби на ресторанот на првиот кат можат да сместат групи од 20 до 60 гости.

„Zur letzten Instanz“, Берлин (1621)

Во 1621 година оваа зграда за прв пат била отворена како таверна. Има фасцинантна историја и е најстариот ресторан во Берлин. Сместен во блок од Берлинскиот ѕид, ресторанот претрпел значителна штета за време на Втората светска војна и морал да биде обновен во 1963 година. Познати луѓе како Наполеон, Бетовен, Џек Николсон, па дури и Ангела Меркел биле служени токму на ова место.

„Хонке Оварија“, Кјото, Јапонија (1465)

Ова е најстариот ресторан во Јапонија кој првично служел како продавница за слатки. Од своето основање во 1465 година, овој ресторан им служи на сите од будистичките монаси до царското семејство. Ресторанот е сместен во шармантна стара дрвена структура со интригантен мебел и мирна околина. Традиционалните тестенини од хељда се негов специјалитет, а вкусната супа во ресторанот се прави само од „најсвежата“ изворска вода од Кјото.

„Stiftskeller St. Peter“, Салцбург (803)

Најстариот ресторан во светот сè уште работи во опатијата Свети Петар во Салцбург. Иако точниот датум на неговото основање е непознат, првото спомнување за него во печатена форма датира од 803 година, во списите на студентот и монах Албуин, лојален поддржувач на Карло Велики. Според легендата, во ресторанот се служеле и Кристофер Колумбо и Волфганг Амадеус Моцарт. Сепак, кујната е модернизирана и денес нуди софистицирани верзии на традиционални австриски јадења, како и врвна европска кујна направена од состојки кои се одгледуваат во близина.

Таверна Френсис, Њујорк (1762)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen Bradshaw (@ebradshaw2)

Еден од најстарите ресторани во Америка, The Fraunces Tavern е основан во 1762 година и има голем број значајни врски со минатото на нацијата. На пример, Џорџ Вашингтон буквално се преселил на ова место за време на американската револуција, го претворил во негов официјален штаб и на крајот преговарал за мир со Британците додека престојувал таму.

Денес, на најјужната точка на Менхетен, има ресторан и виски бар.

Евротип
SNBROKER
To Top