Новости

Патувањa

На брегот на Амалфи, во Капри…Поситано – Фантастични места во Италија од кои ќе ви се сомели умот!

Јужна Италија – Софистицирана елегантност, музика за погледот, рај од вкусови, класика, вечна инспирација! Можеби токму оваа земја е местото од каде започнал светот. Зародишот на уметноста, зародишот на поезијата, романсата, модата и љубовта.

Да си дел од оваа приказна е вистинска привелегија. Макар и на поминување. Има нешто чудесно во овие места. Има некоја посебена шармантна пикантерија, а на овие фотографии на брегот на Амалфи и во Капри, мириса на тропска возбуда, луксуз, лимони и фантастична храна што само тука може да се создаде. Верувајте од асвалтот цутат цветови во розови бои, небото има поинаква боја и совршено се бакнува со морето. Никаде не е исто, но тука е најразличната единствена магија или навидум нереална слика и илузија во земјата и светот, што под ни едни околности, не би ја споредиле или можеби не би се ни осмелиле да ја споредиме со ништо толку вредно, фасцинантно, филмски и магично!

Разговорливоста на италијаните и мелодичниот јазик, брзината што ја живеат, храната, нивниот апетит за храната, за животот, за среќата, за љубовта, семејството, пријателите…Сите тие нешта се во перфектно маестрален договор и ,,играат” во ист ритам. И всушност, можеби токму тоа е она ,,вонземското” воодушевување од наша страна. Нивниот такт е брз, едвај се следи, но заслужува голем аплауз. Затоа што нивната насмевка на крајот од денот и прегратката, гостопримството на вистинските италијани и нивната добрина, зборуваат дека тие успешно го завршуваат овој сон, што нам ни е познат само во приказните, книгите и на филмското платно.

Во Италија човек доживува катарза. Тука се случува ескалација на сите интерни емоции, бунт на душата и малку нескромна љубомора на сите оние кои го дишат тој воздух.

За крај, би ве предупредиле само едно. Ако некогаш се најдете таму, ни во најголемо лудило не правете споредба и не се прашувајте:,,Зошто не се родив тука?!” Ќе заминете тажни и нема да ја доживеете љубовта и восхитот како што нивните височества го заслужуваат тоа!

Но, ако сеуште ги немате тие крилја за да одлетате таму… Затворете ги очите, пуштете канцони, тифка армоника и виолина… Заборавете дека постоите физички присутни во овој простор, време и место. Па наместо тоа, виртуелно посетете го Амалфи…Вкусете го тоа вино, таа паста и за крај…Освежете се до лимончело!

П.С. Штом ги отворите очите убаво е да се напиете вода со шеќер! За секој случај… Чисто колку да не се уплашете оти многу сте ,,заминале” со приказнава што е светлосни години далеку од овој наш конзулски ни град!

Евротип
Евротип
To Top