Новости

Патувањa

Ова е местото каде што живеат најдолговечните луѓе во светот

Тие веруваат дека човекот треба да остане активен до крајот на својот живот, опкружен со позитивни мисли и среќни луѓе за да доживее длабока старост! – Ова е местото каде што живеат најдолговечните луѓе во светот

Прашањето околу долговечноста е нешто кое ги интригира скоро сите жители на нашата планета, па така научниците постојано се во потрага за одговори. Од една недоамнешна студија, се вели дека конечно се откри местото каде луѓео доживуваат најдлабока старост. И тоа не е толку фасцинантно, колку фактот дека жителите на ова место, не мислат дека постои некоја старосна граница во однос на стареењето, или поточно не се согласуваат со она нешто што се нарекува: Сега сме стари и ни треба одмор! Напротив, тие веруваат дека физичката активност треба да биде присутна до крајот на нашите животи и што повеќе сме активни, толку повеќе години живееме. 

Инаку станува збор за Архипелагот Окинава во Јапонија кој руши рекорди за просечна возраст на жителите. Се состои од 160 острови кои се граничат со Тихиот Океан со суптропска клима, а пријателските жители на Окинава се најдолговечните луѓе во светот. Нивниот начин на живот и исхрана укажуваат дека жителите на овој остров се најздравите луѓе на планетата.

На прв поглед, тие изгледаат поинаку од другите јапонски жители. Можеби ова се должи на различниот начин на живот на жителите на Окинава и употребата на различна храна, како чај од горчлива лубеница и куркума.

Во книгата „Окинавци – најдолговечните луѓе на светот“, напишана во соработка со експерти од Министерството за здравство на Јапонија, д-р Макото Сузуки и Бредли и Крег Вилкокс, претставен е начинот на живот на овие островјани.

Книгата упатува на научни истражувања и документи од базата на податоци за стогодишнината на Окинава.

Постарата популација на островот Окинава не го препознава концептот на пензионирање и тие веруваат дека човекот треба да остане активен до крајот на животот, опкружен со позитивни мисли и среќни луѓе. Секако, важна е и генетиката, редовното вежбање и здравата исхрана.

Разновидна храна од растителна основа

За целите на една студија, педесет и три стогодишници од Окинава користеле 206 различни видови храна, вклучително и лековити билки, во нивната исхрана.

Во текот на денот, секој стогодишник јадел околу 18 различни намирници, 78 отсто од храната била од растително потекло. Пет вида овошје и зеленчук дневно, две мешунки и Оризот е најчесто консумираната храна на островот Окинава.

Жителите на островот во исхраната користат сложени јаглехидрати кои треба да бидат застапени со околу 54 отсто, а шеќерот го земаат од сирова шеќерна трска. Внесувањето сол е ограничено на шест грама дневно. Тие исто така го ограничуваат внесот на масти на околу 15 проценти дневно.

Евротип
SNBROKER
To Top