Новости

Патувањa

Ова е највисокиот мост во светот: Висок е повеќе од 500 метри

Еден од десетте највисоки мостови во Кина, претставува вистинско чудо во модерниов свет и докажува дека важна е визијата, абогами оваавизија на работниците кои се труделе околу неговиот изглед и вистина, навистина ја постигнала својата цел.

Мостот од 565 метри над реката Беипан во југозападна Кина беше отворен за сообраќај во декември 2016 година. Кинеските медиуми, тогаш објавија дека тоа е највисокиот мост во светот.

Мостот ги поврзува оддалечените провинции Јунан и Гуижу, а распонот меѓу неговите столбови е 720 метри. Долг е 1.341 метар, а е дел од автопатот долг 3.405 километри. Трошоците за изградба на ова архитектонско чудо беа околу 140 милиони долари.

Мостот се градеше три години со цел патувањето меѓу градот Жуангвеи во Јунан и Шуиченг во провинцијата Гуижоу да се скрати од повеќе од четири часа на само еден час, пишува ndtv.com.

Овој мост, кога станува збор за висината, од тронот го тргна оној над реката Сиду, висок 495 метри, исто така во Кина, земјата во која се наоѓаат девет од 10-те највисоки мостови во светот.

Евротип
SNBROKER
To Top