Новости

Патувањa

Октоберфест се врати во Минхен по две години пауза, пивото е поскапо за 15% минхе

Најголемиот светски фестивал на пивото, Октоберфест во Минхен, се отвори во саботата за првпат од 2019, со што беше прекината двегодишната пауза наметната од пандемијата на коронавирусот. И покрај студеното и влажно време, околу 700.000 луѓе викендов пиеле пиво на фестивалот, кој исто така е погоден од инфлацијата.

Еднолитарска кригла пиво сега чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, што е покачување од 15% во споредба со последното издание на фестивалот.

Точно 487 пиварници, угостители и продавачи на вино ги служат своите производи на фестивалот, кој работи од девет до 22:30 часот, а последните нарачки се примаат во 21:30 часот.

Првиот Октоберфест се одржал во 1810 година во чест на венчавката на баварскиот принц Лудвиг и принцезата Тереза. Во годините пред пандемијата, годишно го посетувале околу шест милиони луѓе.

Евротип
SNBROKER
To Top