Новости

Патувањa

Погледнете како изгледа најскапата куќа во Америка

Мега вилата во областа Бел Ер во Лос Анџелес, наречена The One, е навистина уникатна глетка, каква што доликува на најскапата и најголемата семејна куќа во Америка, пишува магазинот People. Но, сиот тој луксуз треба да биде ставен на аукција на почетокот на следната година, со почетна цена од 250 милиони долари.

Изгледот на имотот, кој се простира на речиси 10 илјади квадратни метри со поглед на океанот и планините, го дизајнирале архитектот Пол Меклин и дизајнерката на ентериер Кетрин Ротонди, а го изградиле околу 600 работници.

Вилата со 21 спална соба и 42 бањи е опкружена со патека за трчање долга 121 метар, а само дел од луксузот се состои од гаража за 30 автомобили, куглана, велнес центар, пет базени и 30- седишта за кино.

Како изгледа оваа прекрасна вила погледнете во галеријата:

Извор: zadovoljna.rs

Евротип
SNBROKER
To Top