Новости

Патувањa

Прогласен е најпријателскиот град во светот

Кога посетувате ново место, вашето искуство е под големо влијание од расположението на локалното население и од тоа колку се пријателски расположени и дружељубиви жителите на истото, или би рекле домаќините. Сега знаеме и кој град е дом на пријателски настроени жители.

Магазинот „Time Out“ го спроведе своето годишно истражување на светските градови, каде што повеќе од 20.000 луѓе беа анкетирани за храната, пијалоците, културата, социјалниот живот и одржливоста во нивните градови. Врз основа на сето ова, Глазгов е прогласен за најпријателски град.

На второ и трето место се Манчестер и Даблин, но немаше голема разлика во гласовите, па отвореноста и ведриот дух на мештаните ќе ја најдете и таму. На другата страна е Париз, бидејќи само 8 отсто од неговите жители се сметаат себеси за пријателски расположени, а сличен е случајот и со Токио и Мексико Сити, каде оваа бројка е 20 отсто.

Шкотска, исто така, се најде добро во индексот на големиот град на списанието, па дефинитивно вреди да се размисли за посета. А кога станува збор за други градови чии жители се сметаат себеси за отворени, весели и пријателски расположени, листата изгледа вака:

1.Глазгов
2.Манчестер
3.Даблин
4.Порто
5.Чикаго
6.Мумбаи
7.Монтреал
8.Маракеш
9.Тајпеј
10.Акра

Евротип
SNBROKER
To Top