Новости

Патувањa

Проект вреден трилион долари: Се подготвува „паметен“ град во Саудиска Арабија кој предизвика многу критики и осудувања

„Линија“ е дел од контроверзниот саудиски проект за мегаград Неома. Во 2021 година, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ги претстави плановите за изградба на паметен линеарен град кој ќе биде изграден вертикално, без патишта и автомобили и ќе работи исклучиво на обновлива енергија.

Саудиската влада објави слики од тоа како би можел да изгледа градот кога ќе биде завршен. Градот бил дизајниран да биде широк само 200 метри, висок 500 метри и долг 170 километри. Во него ќе бидат сместени неколку заедници затворени со стаклена фасада и ќе може да прими до девет милиони жители.

Архитектите замислуваат град каде зградите се на само пет минути пешачење од луѓето. Иако нема да има патишта и нема да може да прими автомобили, ќе има брза железница за транзит од крај до крај кој ќе трае 20 минути. Исто така, градот ќе се потпира на природен систем за вентилација за да се осигура дека жителите ќе уживаат во идеална клима во текот на целата година.

Саудискиот престолонаследник во изјавата рече:

– Дизајнот откриен денес за вертикалните слоеви урбани заедници ќе ги предизвика традиционалните рамни, хоризонтални градови и ќе создаде модел за зачувување на природата и подобрени услови за живеење на луѓето. LINE ќе се осврне на предизвиците со кои се соочува човештвото во урбаното живеење денес и ќе ја отвори вратата на алтернативниот начин на живот.

LINE е дел од мегаградскиот проект на Саудиска Арабија од 500 милијарди долари, кој се гради во провинцијата Табук. Проектот е опкружен со контроверзи од неговото основање. Поради изградбата околу 20.000 луѓе ќе бидат принудени да се иселат. Жителите кои се соочуваат со иселување припаѓаат на домородното племе Хувајтат, кое постоело долго пред да се основа Саудиска Арабија.

Според извештаите, истакнат активист на Хувајтат бил уапсен и затворен во 2020 година. Тој беше против тоа племето да се пресели. Исто така, друг активист на Хувајтат рече дека најмалку 15 други племенски членови биле киднапирани и затворени.

Некои од нив на социјалните мрежи ја критикуваа саудиската влада и проектот Неом. Дополнително, иселениците кои беа ангажирани да работат на иницијативата ја критикуваа администрацијата дека поставува нереални барања и замижува пред дискриминација.

Контроверзноста околу Neom ги принуди Riot Games да ја повлече одлуката за спонзорскиот договор со проектот за мегаград. Неом требаше да биде главен партнер за LEC шампионатот на Riot во Европа пред две години. Сепак, реакцијата од играчите ширум светот доведе до тоа компанијата да го раскине спонзорскиот договор по само 24 часа.

Евротип
SNBROKER
To Top