Новости

Патувањa

Само за оние кои сакаат адреналин – нов видиковец на облакодер во Њујорк

И додека одењето по стаклена површина на голема височина за некои е сценарио од најлошите кошмари, видиковецот на облакодерот Сумит стана туристичка атракција за зависниците од адреналин што не смее да се пропушти.

Дали знаете какво е чувството да застанете на стаклена површина 300 метри над земјата и да уживате во неверојатните улици над градот кој никогаш не спие.

Оваа привилегија наскоро ќе ја уживаат сите заинтересирани посетители на новиот деловен облакодер One Vanderbilt, кој достигнува висина од 427 метри.

На врвот на облакодерот, односно на околу 300 метри над земјата, Сумит користи огледала и стакло за да создаде илузија на бесконечен простор.

Оние што го посетиле тврдат дека тоа е прошетка меѓу облаците што овозможува спектакуларен поглед на Менхетен.

За заинтересираните има стаклена оросторија надвор од облакодерот, односно на височина од 324 метри над авенијата Медисон, каде ќе се чувствувате како да лебдите во воздух.

Искачувањето е со лифт што е опкружен од сите страни со стакло, и кој се качува од дното на облакодерот до височина од 364 метри.

Цените на билетите се движат од 33 до 73 долари, во зависност од тоа каде сакате да застанете.

Имајте на ум дека треба да се почитуваат некои правила при посета – задолжително се носат очила за сонце поради одразот на светлината, што може да го отежне нормалното движење по стаклени платформи.

Не се препорачува носење парчиња облека што можат да откријат интимни делови од телото во одразот на огледалата на подот, а исто така е забрането да се носат чевли како што се чевли со високи потпетици кои можат да ги оштетат платформите.

Евротип
Евротип
To Top