Новости

Патувањa

Се повеќе луѓе сакаат да живеат во рурални средини – Далеку од урбаното, еве кои се најубавите села во светот

Едноставно, рај за очи. Ова се трите најубави села во светот, а ако и вие сте дел од таа група на луѓе на кои им досадил урбаниот стил на живот и постојаниот метеж, или едноставно тоа не е ваш стил и замислувате поинаков живот, разгледајте ги овие опции.

Селото Оиа на грчкиот остров Санторини е на врвот на листата на најубави села во светот, пишува „Uswitch“. Податоците од социјалните мрежи им помогнаа да откријат кои живописни села се омилени меѓу читателите.

Анализирајќи ги хаштаговите на Инстаграм и пиновите на Pinterest, откриено е дека Оиа е убедливо најпопуларното село во целиот свет.

Оиа има вкупно 1.612.671 објави на социјалните медиуми, што е речиси 500.000 повеќе од второто по ранг село на листата, Ѓореме во Турција (1.129.300).

На трето место е селото Халштат во Австрија со 799.213 објави.

Санторини е една од најбараните дестинации на планетата, и како што пишува „Uswitch“, многумина одлучиле доживотно да живеат во овие села на овој остров, а побарувачката за живот во рурални имоти, растат за 126 проценти секоја година.

Убавината на овој остров уште еднаш се потврди кога сајтот Bounce, кој се занимава со патувања, го прогласи Санторини за дестинација со најубавото зајдисонце во светот.

Евротип
Евротип
To Top