Новости

Патувањa

Факти за светските атракции кои не сте ги знаеле

Нашата планета има многу чудни места кои чекаат да бидат откриени. Некои ги знаеме, а за некои можеби никогаш не сме слушнале. Еве неколку интересни факти за светските атракции кои веројатно не сте ги знаеле:

Пустината некогаш била прашума

Може да биде навистина тешко да се замисли Големата Сфинга од Гиза во зелен рај. Но, да не се сменеше опкружувањето на пустината Сахара, тоа можеби ќе беше реалност. Според научниците, оваа огромна пустина некогаш била прашума во која живееле неверојатни животни како нилските коњи.

Ненадејниот пресврт во екосистемот беше предизвикан од промената на орбиталната ротација на Земјата. Истражувањата покажаа дека тоа би можело да се повтори во иднина.

Снег во Сахара

Повеќето од нас мислат дека пустините се најжешките места на земјата и дека снегот е нешто што е невозможно да се види во нивна близина. Сепак, снежните врнежи кои се случуваат во пустините не се многу чести, но се случувале и порано. Белиот спектакл може да се види дури и од вселената.

Поради силните земјотреси во Мачу Пикчу, методот на градба мораше да се промени

Поради оштетувањата на структурата на градот, се верува дека додека се градел Мачу Пикчу бил погоден од неколку земјотреси. Затоа можеме да видиме промена во методот на градба – од врежани испреплетени карпи до наредени (не издлабени) карпи.

Подводни езера

Овие езера се нарекуваат базени со солена вода, а нивното ниво на соленост може да биде многу високо. Во комбинација со други елементи, овие концентрации на вода се токсични за луѓето и за повеќето животни.

Само одредени организми кои се способни да издржат екстремни услови можат да живеат во нив или во нивна близина.

Тутанкамон бил оштетен од  вработените во музејот

Не толку одамна, маската на Тутанкамон беше оштетена од вработените во музејот. Не е јасно што точно се случило, но брадата била целосно откорната од маската.

Во обид да го поправи некој повторно ја залепил брадата, но додека се обидувале да го отстранат вишокот лепак, парчето било изгребано.

Евротип
SNBROKER
To Top