Новости

Патувањa

Фото репортажа: Убавините на „Свети Наум Охридски“

Манастирот “Свети Наум Охридски” се наоѓа на 28 километри од Охрид. Изграден е на висока карпа во најужниот дел од Охридското езеро.

Местото во боженственото природно опкружување плени со вонвременска духовна убавина.

Токму во оваа благородна дивина во која особено во ова време на годината царува тишината, душата на Свети Наум, верниот ученик и следбеник на браќата Кирил и Методиј во благородната мисија на просветувањето на човекот, заедно со неговото тело, останала вечно „заробена“ во ѕидините на сопствениот манастир. Подигнат за живот и – упокоение.

Имено и денес верниците можат да го слушнат срцевото отчукување на Свети Наум, доволно е само да се стави увото на камената плоча на неговиот гроб. Исто така се верува ако тој се допре со десната рака и се замисли желба за здравје, Свети наум познат уште како и чудотворец ќе ја ислуша.

Оваа негова световна моќ, всушност и придонела самиот манастирски комплекс „Свети Наум“ низ вековите да стане познат, не само како едно од многуте христијанско – просветителски словенски јадра долж брегот на Охридското Езеро, туку и како единствено лечилиште.

Секојдневно пристигнуваат туристи од целиот свет каде што уживаат во убавините на овој манастир, плажата, рестораните кои изобилуваат со вкусна македонска кујна како и прошетката со кајче по 700 метри долгите извори на мајката на Охридското езеро – реката Црн Дрим. Од 45 откриени извори 30 се под вода.

Уживајте во фотографиите:

GOLD
To Top