Новости

Патувањa

Францускиот Спајдермен кој има 60 години, се искачи на облакодер од 48 ката

Сакам да испратам порака до луѓето дека да имаш 60 години не е ништо

Ве носеме во Париз, Франција каде се наоѓа најпопуларниот алпинист Ален Роберт, попознат како „францускиот Спајдермен”, токму поради фактот што никогаш не користи заштитна опрема, а богами и годините воопшто не му пречат за да си ја исполни својата зацртана цел. 

Неодамна Ален се искачи на облакодер од 48 ката во Париз, исполнувајќи ја целта што си ја поставил кога минатиот месец наполни 60 години.

Облечен во црвено, Роберт стигна до врвот на 187-метарската зграда „Тур Тотал Енерџи“, која се издига над деловната област Ла Дефенс во француската престолнина.

Сакам да испратам порака до луѓето дека да имаш 60 години не е ништо. Сеуште можете да спортувате, да бидете активни, да правите фантастични работи“, рече Робер. „Си ветив, пред неколку години, дека кога ќе наполнам 60 години, повторно ќе се искачам на таа кула, бидејќи 60-тата ја симболизира возраста за пензионирање во Франција и мислев дека тоа е убава асоцијација“, изјави тој за Ројтерс.

Роберт, кој исто така сакаше да ја искористи можноста да ја подигне свеста за потребата од акција против климатските промени, веќе неколку пати се искачи на кулата Total Energy.

Инаку овој алпинист, почнал да се качува во 1975 година, тренирал на карпи во јужна Франција и брзо станал врвен алпинист. Оттогаш, тој се искачува на повеќе од 150 високи згради ширум светот, вклучувајќи го Бурџ Калифа во Дубаи – највисоката зграда во светот, Ајфеловата кула и мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Интересно е што дури и неколку пати бил апсен поради качување без дозвола, а познато е и дека тој се качува без ремен, користејќи само голи раце, пар чевли за качување и вреќа со креда во прав. За Роберт, ваквите подвизи често се користат за собирање средства за добротворни цели.

Евротип
SNBROKER
To Top