Новости

Патувањa

Угостителскиот гигант „Хилтон“ гради хотел во вселената

Се чини дека синџирот на хотели му е тесно на земјата, па затоа ќе се прошири на друго место. Ни помалку,ни повеќе во веселената.

Имено, уште во 2020 година, Хилтон стана првиот угостителски бренд во вселената. Потоа учествувал во истражување на Меѓународната вселенска станица, а сега се приклучува на компанијата за истражување на вселената Војаџер Спејс за да го направи вселенското патување поудобно и полуксузно за астронаутите. Со оваа одлука хотелската компанија „Хилтон хотелс“ ќе влезе во историјата со планови за иднината.

„Starlab ќе биде повеќе од дестинација, тоа ќе биде искуство кое ќе биде единствено со иновациите, експертизата и глобалните можности на тимот на Хилтон“, рече Дилан Тејлор, претседател и извршен директор на Voyager Space.

– Не е важно дали сте на Земјата или во вселената; американскиот угостителски гигант ќе го направи вашиот престој удобен и незаборавен, се вели во нивното оопштение.

„Со децении, откритијата во вселената позитивно влијаеја на животот на Земјата, а сега Хилтон ќе има можност да ја искористи оваа единствена средина за да го подобри искуството на гостите каде и да патуваат луѓето“, рече Крис Насета, претседател и извршен директор на Хилтон.

Евротип
SNBROKER
To Top