Новости

Патувањa

Хрватска продава Остров за 700 илјади евра – Ако случајно имате ваков план, ,,ѕирнете” информации

Хрватска има 1.244 острови, а населени се 66. Во огласите за продажба сега се и приватни острови од кои кренаа раце државните и локалните власти.

Малите острови се претежно во државна сопственост, повеќе од 80 отсто, а остатокот е во приватна сопственост.

Еден таков е во Сплитско-Далматинската жупанија, поточно во гратчето Винишче, пренесува. Се вика Мали Космач, а површина од пет илјади квадратни метри е во приватна сопственост на домородците од Винишче.

Цената на овој остров моментално е 700 илјади евра, а од агенцијата велат дека цената би можела да се зголеми и до еден милион евра.

Овој остров е на продажба од 2016 година и се уште го нема најдено својот сопственик. Сопственичката на агенцијата за недвижности Јасминка Билисков вели дека имало многу заинтересирани и странски и домашни граѓани. Кога ќе сфатат дека просторниот план не дозволува градба и кога ќе се запознаат со прописите за просторно планирање, многу брзо се откажуваат.

Сплитско-далматинската област вели дека таков остров е погоден исклучиво за земјоделство.

Заменик градоначалникот Стипе Чогеља повторува дека секаква градба на него е невозможна, но и недозволива според сегашниот просторен план.

Мештаните се поделени по прашањето за продажбата. Некои веруваат дека она што е макотрпно стекнато не треба да се продава. Други, пак, немаат ништо против продажбата, но и против таквиот имот да падне во рацете на странци.

Агентот за недвижности Јасминка Билисков смета дека Хрватска може да заработи пари на такви острови. Тaa вели дека Хрватска треба да го следи грчкиот модел и да дозволи изградба, барем под контролирани услови. Но, сето тоа бара промена на законот и просторниот план.

Треба да се нагласи дека островот не се продава, туку земјиштето на него. Неговиот брег е поморски домен управуван од округот и никој не може да биде сопственик на поморскиот домен.

Извор

Евротип
SNBROKER
To Top