Новости

Интервју

Интервју со Сања Јовановска од ЈК Травел за посетата на Египет

Во Египет има многу што да се види, посети и доживее. Неповторливо е крстарењето по Нил, незаборавното џип сафари, посетата на Бедуинско село, посетата на Каиро е неизбежна, секако тука се пирамидите, Египетскиот музеј во Каиро…Ова е само дел од она што може да се види во Египет. А зошто токму земјата на пирамидите да биде Вашата следна дестинација, ви открива Сања Јовановска од ЈК Травел.

Неодамна се вративте од Египет. Која беше причината за Вашата посета на Египет и какво беше Вашето искуство?

-Според процедурата за работа на ЈК Травел задолжително е пред почеток на сезоната да се посети секоја дестинација во која агенцијата има сопствен закуп. Тоа го правиме со цел вработените во агенцијата да ја видат и доживеат дестинацијата за да можат потоа информациите и личните искуства да ги пренесат на странките кои сакаат да ја посетат одредената дестинација.

Како туристички работник претпоставувам дека сте посетиле многу дестинации. Кој е Вашиот впечаток за оваа дестинација споредбено со другите?

– Генерално да, имам посетено многу дестинации. Египет е слична дестинација со Турција, но многу повпечатлива, пирамиди, свинги, пустини, нуркање, фараони, Црвено Море, добар all и ultra all inclusive, поевтино од Турција.

Каде се прошетавте во Египет и што сѐ видовте ?

– Со оглед на тоа дека ние бевме низ целиот тој регион можам да кажам дека секој си е посебна приказна.
Градот Хургада е за луѓе кои сакаат пожив одмор, односно да имаат дел каде ќе можат навечер да излезат и да прошетаат низ сокаците, да сретнат локалци кои продаваат сѐ и сешто и секако да не заборават да се исценкаат. Плажите на хотелите кои ги нудиме во овој дел се песочни.

Областа SOMA BAY е на 1 час од градот Хургада и е област која е препорачлива за сурфери и кајакари.

Makadi Bay е на 30мин од градот и е најдобра област за нуркачи со оглед на тоа дека оваа област е со многу живи корали кои не можат да се опишат. Интересно е и дека со најобични наочари за нуркање може да ги видите. Секој хотел нуди опрема и инструктор по нуркање па им препорачувам на сите коишто ќе појдат да не го пропуштат морскиот свет.
И мојата омилена област Sahl Hasheesh која е најлуксузна од сите и ги нуди најубавите хотели кои си имаат сопствени трговски центри и имаат преубави песочни плажи.

Какво е морето ?

– Црвеното море е топло и  супер солено, познато по својата бледо сина боја и по својот  разновиден подводен свет. Морето е идеално за сите оние кои сакаат да пливаат и да уживаат но и за оние авантуристите кои сакаат нешто повеќе. Во близина на Хургада има корални гребени за  сите оние што сакаат да нуркаат каде може да сретнeте многу шарени риби, делфини и друг воден свет.

Што е тоа што може да понуди Египет, а другите места не?

– Во Египет има многу што да се види, посети и доживее, што 7 дена се малку. Крстарењето по Нил, џип сафари и посета на Бедунинско село, посететата на Каиро, пирамидите, Египетскиот музеј во Каиро (кој инаку е најголемиот музеј на староегипетската историја и уметност и содржи преку 160 000 предмети), посета на пуст остров (ама вистински пуст остров без ништо на него), Луксор, јавање на камила… на кое и од овие места да појдете нема да погрешите. Секако пушењето наргиле is a must.

Што треба да знаат луѓето кои сакаат да одат во Египет?

-Многу често добиваме прашања дали се потребни вакцини пред да се појде во Египет, секако дека НЕ, од причина што иако државата е во Африка не е ризична. Визата е задолжителна и се плаќа на самиот влез во државата (чини $25). Државата иако е муслиманска алкохолот е дозволен, ноќниот живот е на многу високо ниво па од таа причина има и барови и дискотеки кои потсетуваат на Западот. За луѓето кои патуваат со деца, скоро секој од хотелите си имаат свој аква парк со многу базени и аниматори за деца. Храната иако е медитеранска, секој од хотелите нуди безброј видови на храна па има за сечиј вкус. Доколку сакате помирен одмор има и хотели коишто се ADULTS ONLY.  Во секој случај, Египет нуди бројни задоволства на копно и на море. Корaланите гребени и песочните плажи се единствени и уникатни.

Што може да понуди ЈК Травел за Египет?

-Чартер кој лета секоја среда Скопје – Хургада – Скопје, свои места на чартер, екслузивни хотели, Early Booking попусти, претставници коишто се достапни 24 часа, организација на сите тури кои можат да се понудат во Египет, агенти коишто професионално ќе ги дадат сите информации коишто им се потребни на луѓето…

Што би им препорачале на луѓето коишто сè уште се двоумат дали да одат во Египет ова лето?

-Воопшто да не се двоумат, Африка и Египет се едно незаборавно искуство кои се паметат засекогаш. Египет е единственото место каде all inclusive-от е вистински луксуз, вистински одмор.

GOLD
To Top