Новости

Патувањa

ЈК Травел го прослави својот 12-ти роденден

12 години успешна работа, 12 години задоволни клиенти, 12 години уникатни понуди, 12 години квалитет. Туристичката агенција ЈК Травел го прослави својот 12-ти роденден, а го прославија со кој, ако не со своите верни клиенти и пријатели.

По повод роденденот, најсреќните клиенти добија подароци и ќе имаат можност да уживаат во едни од најпопуларните дестинации кои ЈК Травел ги нуди во своите аранжмани.

Најсреќните кои добија подароци од ЈК Травел се:

– Лидија Петковски – 7 дневен аранжман во хотел со 4* во Грција;

-Даниела Митревска Темова – летување во Парга;

-Анета Стојчевска Ѓурова – летување во Лефкада:

-Василка Ѓурчиновски-летување во Тасос;

-Анита Цветановска-летување во Врасна;

-Оле Војновска Петровска-летување во Калитеа.

„Со ова заокруживме уште една успешна летна сезона. Моментално актуелни се викенд екскурзиите за 11 и 23 октомври( Санторини, Кападокиа, Истанбул, Банско, Сандански, Рим-Неапол-Фиренца).

Пред  нас  е  нов  предизвик, бидејќи ја имаме  најдобрата понуда за Зима 2019.  Банско, Боровец, Разлог, Сандански, Пампорово, Србија и Франција се само дел  од  најбараните зимски дестинации каде  работиме   со околу 50 хотели .

Исто така новост од нас е и новата канцеларија во Битола, поточно во новиот пазар, која веќе од летото работи, се со цел да бидеме поблиску до нашите клиенти. Заинтересираните можат да не контактираат во нашите канцеларии во Скопје, Штип и Битола“, велат од туристичката агенција ЈК Травел.

Ни претстојат празнични денови, а Вие секако знаете каде да се обратите за најдобарата и најквалитетната понуда.

GOLD
To Top