Новости

Патувањa

ЈК Травел со -35% на ОН ЛАЈН резервации за лето 2019

За некои можеби е рано, но за поголем дел од луѓето сега е вистинско време да се  испланира и резервира  добар летен одмор.

Особено ако за вашиот  одмор имате ограничен буџет и сакате  да искористите од попустите за рано букирање.

Туристичката агенција ЈК Травел за ЛЕТО 2019  со единствена можност за своите клиенти ОН ЛАЈН РЕЗЕРВАЦИИ СО  САМО ЕДЕН КЛИК.

Почнувајќи од денеска ЈК Травел е првата агенција во Македонија која овозможува целосно он лајн резервирање  и плаќање на аранжмани за лето од сопствен закуп.

FIRST MINUTE понудата со попуст до 35%  оваа  година е  наменета за лојалните клиенти ( оние кои досега патувале со ЈК Травел и оние кои ќе се приклучат на лојалити програмата) како и за сите  оние кои преку интернет ќе го резервираат  својот одмор.

– Светот  одамна го користи  он лајн букирањето кога се во прашање  одморите, авио билетите, изнајмувањето на возила итн….
Со напредокот на интернет едукацијата кај нас, напреднато е и користењето на он лајн резервациските системи  и луѓето се  почесто се решаваат да си резервираат  сами, затоа ЈК Травел реши оваа година да лансира целосно независна платформа за он лајн резервации. Вака клиентите ќе имаат можност да ги искористат поволните понуди кои ние  ги нудиме  и резервираат за само неколку минути од своите домови или работни места со што ќе заштедат време и пари – велат од  туристичката  агенција ЈК Травел.

Понудата за лето 2019 е со најголем попуст во Македонија -35%, а  ЈК Травел во изминатите 12 години веќе  се  докажаа со своите квалтетни понуди за  сите  летни дестинации.

Калитеа,  Полихроно, Пефкохори, Ханиоти, Сивири, Фурка, Неа Потидеа, Сарти, Неа  Мармарас, Порто Куфо,  Заинтос, Тасос се само дел од  местата  каде имаат сместувачки капацитети под  закуп а  ова  лето ќе може да ги посетите за  само 49 евра  и тоа за  7 ноќевања.

-Најбараната и омилена  дестинација од минатата  година- Јонски брег и оваа  година  останува број еден. Врахос, Канали, Парга, Кастросикиа,  Амудиа, и Лефкада сеуште ги воодушевуваат туристите со својата уникатност и беспрекорно чистата вода.Токму поради тоа оваа  година го зголемивме бројот на капацитети за  овие  дестинации, додаваат од агенцијата.

Од  понудата за Лето 2019 на ЈК Травел не изостануваат  ни островите како и аранжманите со чартер  летови за Турција, Египет и Шпанија.

Заинтересираните имаат можност  и за плаќање на рати со туристичкиот кредит на ФД „ СН Финансии“, како и реална он лајн поддршка од туристички агенти кои ќе одговорат на сите ваши прашања.
Повеќе за понудите на јк травел за Лето 2019 на следниот линк:
https://jk.com.mk/leto/

GOLD
To Top