Новости

Патувањa

Откријте зошто Шарм ел Шеик е посебно и уникатно место за туристите – интервју со Милена Пановска од ЈК Травел

Шарм Ел Шеик е одлична дестинација за сите оние кои сакаат исполнет и забавен одмор, оние кои сакаат релаксиран одмор во луксузни ресорти, семејства со деца кои можат да уживаат во анимации и аква паркови, за млади парови на романтичен одмор, се тоа по пристапна цена. За убавините и можностите кои ги нуди оваа привлечна дестинација поразговаравме со Милена Пановска од Туристичката агенција ЈК Травел.

Шеталиште: Шарм ел Шеик важи за најпознато одморалиште во Египет. Што е она што го прави посебно и уникатно место за туристите?
Шарм Ел Шеик со својата уникатност на срце сред пустина е сам по себе атрактивен за сите туристи. Спој на модернистички ресорти и една поинаква култура на живеење на неговите жители од она на што сме навикнале. Овој град е познат по мирољубивоста и гостопримливоста на еѓипќаните за што сведочи и одржаната конвенција за еднаквост во 2019та токму овде. Егзотичното Црвено Море со целиот богат воден свет паралелно пропратен со едноставноста на пустината сведочи за фасцинатниот баланс на природата. Синајската Гора и манастирот на Св Катерина, допирот со морските длабочни, модерните туристички комплекси, египетската историја присутна и во денешниот дух на градот, пустинските предели и сите екскурзии кои можат да се организираат за време на престојот на туристите во овој дел се вредни за да го посетите и доживеете самите.

Шеталиште: Познат е по големите и луксузни хотели кои вие како туристички работници имавте можност да ги посетите. Какви се вашите впечатоци?
-Хотелските ресорти лоцирани во Шарм Ел Шеик се синоним за грижа кон клиентите и сатисфакција на сите нивни барања како туристи и гости во истите. Пространства на кои никнале зелени тревници, базени, аква паркови, а ла карт ресторани, луксузни вили и соби за престој на туристите, дрвореди од високи палми, тимови на професионални аниматори задолжени за забава на гостите, интернационална и локална храна за сечиј вкус… Сметам дека овде се едни од подобрите сместувачки капацитети кои се нудат на нашите клиенти по пристапни цени.

Шеталиште: Бедуински населби, планини, пустина, подводен свет кој има повеќе од 1000 водови на риби…Што се треба да посетат туристите кои ќе го одберат Шарм ел Шеик за своја летна дестинација?
-Клиентите кои одлучиле да го посетат Шарм Ел Шеик, покрај комфорот кој го нудат хотелските ресорти, може да уживаат и во низа екскурзии и да го откријат духот на Египет. Синајската Гора и манастирот на Св. Катерина, место каде пророкот Мојсеј ги примил 10те божји заповеди сведочат за посветеноста на христијаните и нивната борба да ја зачуваат светоста на ова место низ вековите. Бедуинските населби се пример на едноставен и скромен живот на овие жители, на кои матријалното не им значи многу за нивната среќа. Она што не смеат да го пропуштат туристите е нуркање во длабочините на Црвено море. Шаренило од морски свет на корали, илјадници видови на риби, тиркизно сина вода…
Шеталиште: Кои други факултативни излети можат да се посетат ако вашиот одмор го поминувате токму овде?
-За време на нашиот престој исто, успеавме да го посетиме и Ерусалим, Мртво море, реката Јордан, Витлеем, Ѕидот на плачот, Гробот на Исус Христос… Крстарење по реката Нил, посета на Каиро, јавање на камила, градот Дахаб се само дел од екскурзиите во кои можат да уживаат посетителите. Со еден збор Шарм Ел Шеик нуди забавен и исполнет одмор.

Шеталиште: Што треба да знаат луѓето ако сакаат да патуваат во Египет?
-Треба да знаат дека за овој дел од Египет не е потребна виза што не е случај за посета на останатите делови на Египет. Вакцина исто, не е задолжителна за влез во државата. Чартер летот Скопје – Шарм Ел Шеик трае не повеќе од 2,5 часа, така што, за неколку часа сте на друг континент. Поради краткотрајноста на летот дестинацијата е погодна и за семејства со мали деца. Одалеченоста на ресортите од ареодромот во Шарм Ел Шеик е некои 20 до 30 мин возење – организиран трансфер се разбира.

Шеталиште: ЈК Травел оваа година има своја чартер програма за Шарм ел Шеик.Кажете ни нешто повеќе за понудата и што би им препорачале на луѓето кои сеуште се двоумат дали ова лето да го поминат токму на оваа дестинација?
– Дефинитивно да, за вашиот летен одмор во Шарм Ел Шеик. Сите оние кои сакаат исполнет и забавен одмор, оние кои сакаат релаксиран одмор во луксузни ресорти, семејства со деца кои можат да уживаат во анимации и аква паркови, за млади парови на романтичен одмор, се тоа по пристапна цена. Чартер програмата на ЈК Травел оваа година за Шар Ел Шеик е веќе во продажба со атрактивни попусти за сите оние кои од сега би резервирале свој летен одмор. Посетете не во некоја од нашите канцеларии во Битола, Скопје, Штип или Куманово и уживајте и ова лето.

Погледнете ја целосната понуда за Шарм ел Шеик на ЈК Травел ТУКА.

 

GOLD
To Top