Новости

Психологија

Ако сакате да бидете среќни секој ден, направете го ова

Луѓето се во вечна потрага по среќа. Секако, таа подразбира различни работи за секој од нас.

За некои среќата подразбира мали ситници, за некои таа лежи во помагањето на другите луѓе или, пак, чувството на слобода. Листата е долга и се работи за индивидуално чувство. Тоа што е заедничко за сите е константната потрага по среќа, која подразбира извесни напори.

Истражувачите од Универзитетот Ратерс и Торонто утврдиле дека потрагата по среќа може во голема мера да ја промени перцепцијата за протокот на времето.

Имено, групата испитаници која тежнеела кон наоѓање среќа, цело време чувствувала дека има малку време и дека тоа многу брзо поминува, односно „лета“.

Доколку спаѓате во оваа група, според истражувачите, треба да водите дневник во кој ќе ги запишувате сите среќни моменти. Исто така, обидете се да уживате во секој момент и да не ја сметате среќата за недостижна апстрактна категорија.

GOLD
To Top